1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ДПА ја напушта владината коалиција во Македонија

Демократската партија на Албанците – ДПА најави дека ќе ја напушти владината коалиција во Македонија. Решението на раководството во изјава за телевиите Канал 5 и А1 во Скопје го соопшти потпретседателот на партијата Мендух Тачи, кој и’ префрли на владеачката ВМРО ДПМНЕ дека не е подготвена да работи на унапредување на правата на Албанците во Македонија. “Нема да правиме политичка или било каква криза. Ќе дејствуваме во опозиција”, рече Тачи и му пожела на премиерот Никола Груевски среќа во обезбедувањето ново парламентарно мнозинство.

Владиниот портпарол Ивица Боцевски за агенцијата МИА рече дека до Владата не е стигната никаква официјална информација од ДПА за напуштање на коалицијата.