1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДПА се заканува со бојкот на пописот во Македонија

Опозиционата Демократска партија на Албанците денеска истакна десет барања, според кои ќе треба да се спроведе пописот на населението во 2011 година. ДПА се закани дека во спротивно ќе повика на бојкот на пописот.

default

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи

Координаторот на пратеничката група на ДПА, Имер Алиу, на прес - конференцијата што се одржа денеска во Тетово, ги пренесе барањата, кои биле усвоени на вчерашната седница на Централното претседателство на оваа партија. „Пописот да се одржи во јули, како поповолен период, а не од 1 – 15 април 2011 година. Тој да биде спроведен под целосно меѓународно набљудување во сите фази од страна на ОБСЕ, Европскиот завод за статистика – ЕУРОСТАТ и од американската Агенција за попис. Албанците во Македонија, кои се уште немаат добиено нејзино државјанство, да бидат попишани согласно со посебно поглавје во законот, а да им се овозможи и на печалбарите надвор од земјата да бидат и опфатени со оваа статистичка операција и тоа во местата и во државите каде што ќе се наоѓаат во тој момент.“

Барања и за етничкиот состав на попишувачите

Покрај изнесените барања, Имер Алиу порача: „ДПА бара етничкиот состав на членовите на надлежните органи за пописот да биде во согласност со етничкиот состав на населението во Македонија, што подразбира и членови – Албанци секаде во државата, вклучувајќи ги и местата каде што не живеат Албанци.

Wahlen in Mazedonien DPA Partei der Albaner

Минувачи пред седиштето на ДПА во Рашче

Образецот за попис треба да биде двојазичен, албански и македонски, унифициран за целата држава, додека пополнувањето на образецот бараме да биде на мајчиниот јазик на лицето кое се попишува“.

„Заканите се нерационални“

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Тахир Хани денеска во изјавата за Дојче Веле се огласи со следната реакција во врска со овие барања на ДПА: „Нерационални се заканите на ДПА за бојкот на пописот априори со барања кои ние сеуште како парламент и како владини коалициони партнери не сме ги ни примиле и ниту сме расправале за нив за да видиме кои се прифатливи, а кои не. Тоа ќе може да го направиме во претстојното второ читање на предложената верзија на законот за попис. Ние досега немаме добиено никакви клучни, односно суштински забелешки, кои ќе не’ убедат како партија – ДУИ дека навистина со овој закон нема да има можности за реално попишување на населението.“

Mazedonien Land und Leute Schule Unterricht in Brodec

Албанчиња во училиште во Бродец

Дебата и за македонскиот јазик во училиштата

Централното претседателство на ДПА синоќа расправало и за новата образовна стратегија за воведување на македонскиот јазик во наставата за првачињата од албанската и другите етнички заедници. На денешната прес конференција не беше соопштено кои заклучоци биле усвоени и во врска со ова, но беше навестено дека ДПА ќе се огласи и за тоа во наредните денови. Инаку нејзиниот лидер Мендух Тачи вчера во изјавата за медиумите рече: „Владата се обидува да ги принуди Албанците да го учат македонскиот јазик, спротивно на нивната волја. Ние немаме ништо против овој јазик, но со оваа стратегија се потврдува дека еден народ – македонскиот врши супремација врз Албанците, на што ние ќе се спротивставиме најостро.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Горан Чутаноски