1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДПА се враќа во парламентот

По двегодишен бојкот, пратениците на ДПА се враќаат во Собранието. Одлуката се очекува да биде донесена попладнево на седница на Централното претседателство на партијата, а ќе ја потврди лидерот Мендух Тачи.

default

Мендух Тачи и неговите пратеници се враќаат во собраниските клупи

„На седницата на Централното претседателство ќе дискутираме и ќе донесеме одлука да се вратиме. Парламентот не само што не беше функционален, туку беше и нелегитимен. Ќе се вратиме да го прекинеме циркусот што се случуваше овие два-три месеци и да докажеме дека сме спремни да одиме на избори, изјави Тачи. Тој додаде дека ДПА останува на барањето меѓународната заедница засилено да ги набљудува изборите, и тоа не само на денот од нивното одржување туку и целиот изборен процес, но демантираше дека прекинот на бојкотот е резултат на притисок од дипломатите.

„Не, не се работи за притисок, туку за сето време имавме добивано сугестии и совети од меѓународниот фактор за се вратиме во Собранието“, вели Тачи.

„По донесување на одлуката, очекувам бргу да се појавиме во законодавниот дом, оти течат процедурите и роковите за изборите. Ние сме подготвени за нив, со цел и да падне оваа Влада, инаку не би имало смисла да се одржуваат такви избори“, изјави Тачи.

Автор: Свето Тоевски/миа

Редактор: Борис Георгиевски