1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДПА реагира позитивно на најавите на Црвенковски, СДСМ е сеуште недециден

Обидот на претседателот, Бранко Црвенковски да ја врати опозицијата во парламентот наидува на поделеност, контроверзни реакции и резервирана поддршка.

default

Обид на претседателот, Бранко Црвенковски за враќање на опозицијата во собранието

Бојкотот на СДСМ и ДПА на парламентот е најголема опасност на патот кон ЕУ. Поради ваквата проценка на состојбите, претседателот предлага план од три точки за враќање на опозицијата во пратеничките клупи.

Доколку СДСМ го прекине бојкотот на собранието и другите институции, Црвенковски е подготвен да го помилува градоначалникот на Струмица и потпретседател на социјалдемократите, Зоран Заев и неговите соработници. Доколку ДПА пак го прекине бојкотот на собранието, шефот на државата ќе го употреби правото да не го потпише указот за стапување во сила на донесениот Закон за употреба на јазиците, на кого има забелешки оваа партија.

За ваквиот план, Црвенковски веќе разговарал со лидерката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, но од нејзе нема децидна согласност. Од ДПА, пак, по телефонскиот разговор на претседателот со лидерот на партијата, Мендух Тачи, гарантираат враќање во парламентот, доколку Црвенковски е сериозен во намерата да не го потпише указот за стапување во сила на Законот за употреба на јазиците.

DW.COM