1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДПА бара поддршка од Албанија

Косово треба да добие државност,а северната македонска граница во делот кон покраината да се демаркира по стекнувањето косовска независност,со ваквот веќе познат став лидерите на ДПА Арбен Џафери и Мендух Тачи дојдоа во Тирана,да побараат од албанските власти политичка поддршка за изборите кои на 5 јули ќе се одржат во Македонија.

Албанскиот премиер Сали Бериша доби гаранции од Џафери дека ќе влијае врз политичките фактори во Македонија за изборниот процес да заврши успешно.

-Јас ја користам приликата да им упатам братски повик на сите политички сили во Македонија на сите албански и македонски граѓани во земјата да се посветат и да се ангажираат за слободен и демократски изборен процес,рече алабнскиот премиер,а лидерот на ДПА Арбен Џафери му одговори:

-ДПА ќе покаже нулта толеранција за евентуалните неправилности во изборниот процес.Само демократскиот начин е начин една политичка опција да се легитимира во демократските системи,рече Џафери,кој заедно со својот партнер Тачи излезе задоволен од средбите со албанските авторитети,бидејќи ја доби посакуваната поддршка за политичките ставови.Што се однесува за демаркацијата за северната македонска граница во делот кон Косово,заменик претседателот на ДПА Тачи рече дека во тоа за него неважно прашање во Македонија се мешаат одредени политички сили и повтори дека границата треба да се одбележи откако Косово ќе ја добие својата независност.Со истите пораки лидерите на ДПА в понеделник заминуваат во Приштина на средба со косовскиот претседател.