1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

До 2050 повеќе од 9 милијарди луѓе на планетава

Најновите прогнози на ОН говорат дека за 40-тина години бројот на луѓе на планетава ќе се зголеми за 2,3 милијарди. Населението во Европа и во Германија ќе се намалува, додека во Африка речиси двојно ќе се зголеми.

default

Од сегашните близу една милијарда до 2050 бројот на Африканци ќе порасна на околу две милијарди

Да ја наречеме Ана, родена на 1 јануари 2050 година. Таа би можела, ако се остварат најновите прогнози за развојот на светското население на ОН да ја дели храната, енергијата и животниот простор на планетава со уште 9,1 милијарда луѓе. Во споредба со денес тоа се 2,3 милијарди луѓе повеќе. По повод утрешниот Меѓународен ден на светското население, германскиот завод за статистика ги објави најновите проекции на ОН, и тоа нивното средно сценарио. Имено другите две екстремни сценарија говорат дека Ана би можела во 2050 да живее заедно со 8 или со 11 милијарди луѓе. Зошто статистичарите на ОН ја сметаат средната вредност од 9,1 милијарда за најверојатно сценарио, објаснува заменикот шеф на одделот за население во ОН, Томас Битнер: „Средната варијанта на ОН смета на пад на просечниот наталитет во земјите во развој од сегашните 2, 56 деца по семејство на 2,02.“

Во 2050 само 70 милиони Германци

Bevölkerung in Indien

Индија во 2050 ќе биде држава со најголемо население-1,4 милијарди

И натаму меѓутоа за порастот на населението во светот најмногу ќе придонесуваат земјите во развој особено на африканскиот континент. Според проценките бројот на Африканци до 2050 ќе се зголеми двојно и ќе достигне речиси две милијарди. Азија и натаму ќе биде најнаселен континент со 5,2 милијарди луѓе, а Индија се очекува со 1,4 милијарди луѓе да ја надмине Кина со 1,2 милијарди како најбројна држава во светот.

Во Европа пак ќе дојде до намалување на бројот на населението од сегашните 730 на 691 милион луѓе. Во 2050 година во бројот на Германци ќе изнесува 70 милиони за разлика од актуелните 82 милиона. Заклучокот на статистистичарите гласи: Светското население расте и натаму. Новината е дека порастот е далеку побавен отколку што самите еднаш веќе прогнозираа.

Автор:РФ/СН/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска