1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

До 2050 година во светот ќе живеат 9,2 милијарди луѓе

Според најновиот извештај на Обединетите нации, светското население расте и старее во исто време и со голема брзина. До средината на овој век на планетава ќе живеат 9,2 милијарди луѓе, две ипол повеќе од денес. Истовремено, бројот луѓе над 60 години ќе порасне за две милијради. Сабине Рипингер известува:

Бројот расте но развојот оди назад

Бројот расте но развојот оди назад

И покрај извесното намалување на бројот деца, светското население годишно расте за 78 милиони луѓе. Меѓутоа, во иднина порастот главно ќе се случува во земјите во развој. Од сегашните 5,4 на 7,9 милијарди. Портпаролката на германската фондација за светското население Катерина Хинц подвлекува:

„Населените најбргу расте пред се во сиромашните земји каде што животните услови ионака не се добри. Во 50-те најсиромашни држави во светот населението до средината на веков од сегашните 800 милиони, скоро ќе се удвои на милијрада и 700 милиони. Од тие причини ќе расте и притисокот врз здравствениот и школскиот систем, како и врз состојбата со храната„.

Во некои земји во развој, како Коста Рика, Тајланд или Тунис, прирастот континуирано се намалува. Во други стагнира или се успорува како во Гана, Кенија или Индонезија.

Карл Хуб, научен директор на бирото за население, смета дека стапката на раѓање ќе се намали и во земјите во рзавој. Меѓутоа, сегашните бројки се причина за загриженост:

„Денес просекот во Нигерија е 8 деца, во Уганда седум во Индија три. Има широк спектар на фертилни стапки, но можеме да претпоставиме дека до средината на веков просекот ќе биде две деца„.

Со оглед на порастот на светското население, според Карл Хуб во секој случај едно е јасно:

„Доминира Азија и веројатно така и ќе остане. Азија е огромна кога станува збор за населението: милијарда и сто милиони во Индија и милијарда и 300 во Кина„.

Европа е единствениот регион во светот каде што до 2050 година населението ќе се намалува. Бидејќи во многу европски земји, бројот деца по жена достигна историкси ниско ниво, Европа до средината на овој век според проценките, ќе се намали за 67 милиони луѓе.