1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

До одморите - Македонија не е тема во Бундестагот!

Парламентарните рокови за Македонија во Бундестагот минаа. Ова е јасно по вчерашните редовни комисиски расправи, каде Извештајот за напредокот на Македонија беше само процедурално „примен на знаење“.

Во претпоследната работна седмица (11 до 14 јуни) пред годишните одмори пет комисии на Бундестагот на дневен ред го имаа Извештајот за напредокот на Македонија, за кој Европскиот парламент расправаше и на 23 мај донесе заклучоци во кои се бара од Европскиот совет на земјата да и‘ додели датум за старт на пристапните преговори. Станува збор за документот, кој го вреднува  нивото на спроведените реформи во земјата во 2012 година, но за кој парламентарците не дискутираа ниту во една од петте комисии на Бундестагот: за надворешна политика, за европски прашања, за законодавство,  за човекови права и хуманитарна помош и во Комисијата за туризам.
Извештајот за Македонија минал само формално, без дискусија,  зашто како што велат неколкумина пратеници кои се занимаваат со Македонија, „станувало збор само за редовна процедура“. Поточно, парламентарците се обврзани да следат што се случува и како се одвива реформскиот процес во земјите кои претендираат на ЕУ, па така и во случајот на Македонија, споменатиот извештај без дискусии само „бил примен на знаење“!

Формално на дневен ред

Ваквиот тек на случувањата директно наведува и на констатацијата дека до годишните одмори парламентарците во Бундестагот нема да имаат прилика да расправаат и да дадат зелено светло за стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, што е предуслов Германија  на јунскиот Европски совет да  даде и своја согласност за ова прашање.

Bundestag Parteien Bundestagsfraktion CDU/CSU

Демохристијаните чекаат на сигналот од еврокомесарот Штефан Филе - ќе биде ли Македонија на дневен ред на Европскиот совет?


Како вели Јохан Вадефул (ЦДУ-ЦСУ)  извештајот на Европскиот парламент кој бил доставен до парламентарците, требало да биде основа за одлуката на Европскиот совет на крајот на јуни дали на Македонија ќе и‘ додели датум за почеток на пристапните преговори или не. За вистинската дебата во Бундестагот и давање зелено светло околу доделување датум за старт на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, потребен е цел процедурален „синџир“.
„Првиот чекор е комесарот за проширување Штефан Филе да сигнализира дека на дневниот ред на Европскиот совет ќе ја стави Македонија и доделувањето датум  за старт на пристапните  преговори со ЕУ. За да го направи ова, претходно треба да има јасна порака дека нема да има никакво вето. Потоа, земјите членки на ЕУ (откако ќе ги добијат информациите за ова) и конкретно германската влада, му пренесуваат на Бундестагот дека треба да се изјани по ова прашање (пр. датум за старт на пристапните преговори на Македонија)“, истакнува Вадефул.

Според сите информации до вчера (12 јуни),  Бундестагот нема официјално добиено никакви најави дека Македонија би можела да „влезе во процедура“ во Бундестагот. За влезот во процедура, пак, има цела низа предуслови, кои според добро упатените, сега временски тешко дека може да се исполнат. И од кабинетот на социјалдемократот  Јосип Јуратовиќ  велат дека точката околу Македонија на петте комисии во Бундестаот е чиста процедурална работа и ништо повеќе!
„За Македонија дискусијата се’ уште не е жешка! Она што во моментов се дискутира е Србија и прашањето дали во јуни ќе може да и‘ се даде датум за почеток на пристапните преговори. Тема е и Косово и Спогодбата за

Bundestag Parteien Bundestagsfraktion SPD

Дискусијата за Македонија не е „жешка“, како онаа за Србија, коментират социјалдемократите.

стабилизација и асоцијација. Но, и овие дискусии се’ уште се водат во работните групи на партиите и комисиите и не се знае дали воопшто ќе стасаат на пленарната седница, последна пред одморите “, велат социјалдемократите.
И Марилуизе Бек од Сојузот 90/Зелени, со која се сретнавме пред почетокот на работата на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот само кусо  коментираше „Македонија не е вистински на дневен ред!“.

Без чекање на чуда

Неофицијално ДВ дознава дека мали се изгледите Македонија да биде тема во Бундестагот  на последната работна седмица од 24 до 28 јуни. Едноставно, засега изостанува  грчкото сигнализирање дека нема да има повторно блокада на Македонија на Европскиот совет. Но, добрите познавачи подвлекуваат дека и доколку нешто и се случи во наредните денови, останува проблем темата Македонија да се најде на крајот на јуни на расправа во Бундестагот. За ова има две причини: едната е формалната врзана за времето, а другата е од политички карактер: „давање две зелени светла за старт на пристапните преговори  (Србија и Македонија)  би бил преголем политички предизвик за пратениците!?“. Затоа, не треба да се очекуваат чуда, колку за Македонија, толку и за Србија,  за која се’ уште  владее извесен скептицизам кај дел од пратениците .
Еден, пак, од народните избраници во Бундестагот потсети на две вистини:  секоја прогноза е неблагодарна и за се’ (па и комплицираниот случај како Македонија)  може да се најде решение, доколку има политичка волја. Затоа, вели,  треба да се сочуваат нервите и да се почека да се види што ќе имаат на дневен ред или дополнително ќе расправаат шефовите на држави и влади!