1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

До нова шанса преку повторно учење

Многу од нив одамна се со универзитетска диплома во џебот. Но, тие повторно се вратија на учење. 29 млади Европејци, меѓу другото и од Шпанија, Португалија и Грција, се обучуваат во Сименс за електричари и мехатроничари.

Образовен центар на Сименс во Берлин. Тука Емануела Милиори е почетник. Иако 23-годишната Гркинка има завршено студии по информатика, сега повторно се образува и тоа за електричарка.

„Сега го инсталирам вториот прекинувач, штекер и една светилка. А, ова сето мора да се поврзе едно со друго“, објаснува што пави на практичнта настава информатичарката Емануела Милиори.

Таа е една од 29-те студенти од 13 европски земји. Многумина се овде, бидејќи не нашле работа во својата татковина. Како што е и Власиос Нтицос. Инженерот осум месеци се обидувал да најде работа, по што и’ го завртел грбот на Грција.

Deutschland Wirtschaft Logo Siemens in Berlin

Логото на индустрискиот гигант Сименс во Берлин

„Немаш работа, немаш пари, а мораш да живееш. Јас имам 25 години и морам да почнам со животот. Но, немам работа, немам ништо“, вели дипломираниот инженер Власос Нтицос.

И тој се одлучи овде да почне одново. Три илјади пријавени за 29 места. Власиос Нтицос и Емануела Милиори ги положија строгите тестови и интервјуа. Предизвикот сега се техничките термини на германски. Тоа што нивниот инструктор исто така е Грк им е од мала помош.

„За време на школувањето не се зборува грчки. Тука се зборува германски, за да го научат јазикот. Ако воопшто не учат германски, нема да го положат тестот. Јас веќе знам за што се работи“, вели инструкторот Христос Папабитис.

Затоа од работната маса се оди директно на часови по германски јазик. Девет часа неделно плус од програмата за обука на нивните германски колеги. Двојно обучени, со познавање на два јазика и високо мотивирани - вакви работници му се потребни на Сименс, а тоа може и да чини многу. Европските учесници на обуката се за третина поскапи отколку германските. Сименс секому му плаќа по 800 евра месечно, стан и четири бесплатни летови кон татковината.

Schule melden Finger Schüler Unterricht

Младите Европејци се школуваат по вторпат со надеж дека во Германија ќе најдат втора шанса

Дали планот ќе профункционира и дали младите ќе се вратат во Грција, засега е неизвесно. Тие знаат дека економијата таму е на дното.

„Сега не можам да кажам што ќе правам по три ипол години... Никој не знае каква ќе биде ситуацијата во Грција. Сега не можам да се одлучам“, вели дипломираниот инженер Власос Нтицос.

Тие во ниту еден момент не зажалија за одлуката уште еднаш да се образуваат, иако се дипломци, бидејќи во Германија добија барем шанса.