1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

До милијарди евра преку пластични носеви

Карневалот e профитабилен бизнис. Сојузот Германски Карневал, чиј дел се 4.700 здруженија со 2,6 милиони членови, соопшти дека годишниот обрт на средства од карневалски производи и кампањи изнесува над 5 милијарди евра.

default

Околу три илјади претпријатија во Германија живеат буквално од карневалот. Таква е и фирмата „Келер“ во Бохум-Ватеншајд, која ги снабдува продавниците ширум земјата со карневалски костуми. Шефот Хорст Кроковски вели: „Карневалот е бизнис со кој не се занимаваме само три дена, туку тој не‘ окупира цела година, почнувајќи од набавување на костумите, класификација, до продажба.“

Бизнисот не знае за граници

Бизнисот се протега и надвор од границите, зашто во Холандија има нивна фирма-ќерка во која исто така се‘ се врти околу карневалот: „Во фирмата во Холандија се купуваат материјали, се кројат костуми за новата сезона, се креираат модни детали.“

Horst Krokowski

Хорст Кроковски

Потоа, карневалскиот бран се движи кон Далечниот исток, поради трошоците. По обединувањето на Германија фирмата „Келер“ ги праќала на шиење карневалските костуми во земјите од поранешниот Источен блок, Чешка и Полска. Но, како што вели Хорст Кроковски, тоа веќе не е исплатливо: „Се патува во Кина, Тајван, Индија или Пакистан и таму се наоѓаат производители на костуми кои на европскиот и светскиот пазар ги нудат овие производи по значително поповолни цени.“

Криза овде или онде - на карневалот му оди добро

Претпријатието има 60 вработени, а во времето на

Bildgalerie Karneval 2005 - 01

„Кога на луѓето им оди добро, тогаш слават, а кога им оди лошо сакаат да се расположат уште повеќе“

карневалoт ангажирани се и 40-мина сезонски работници. Заедно, тие прават милионски обрт, а фирмата „Келер“ над 25 години се вбројува во најголемите лиферанти на сезонски, односно фестивалски производи во Германија.

„Што се однесува до фестивалите, сега сме среде сезона и треба да причекаме на дополнителни нарачки, за потоа, на крајот на февруари да можеме да кажеме дали се 16, 16,5 или 17 милиони евра бруто обрт.“

Финансиска криза овде или онде, карневалот во принцип секогаш стои добро.

„Основачот на нашата фирма имаше една поговорка и секогаш велеше: ’Кога на луѓето им оди добро, тогаш слават, а кога им оди лошо сакаат да се расположат уште повеќе’.“

Принцеза за 20 евра

Во „Келер“ знаат од искуство кои костуми се особено барани:

„Традиционално, она што најмногу се продавало минатата година, се продава и во тековната. Новитетите кои се

Karneval in Köln

Детски костум чини околу 20 евра

произведуваат според ликови од актуелни серии или филмови се сигурно интересни, но заклучокот, сепак, гласи - традиционалните костуми, како што кај децата се принцези, каубојци или индијанци, се сполутно најпродавани. Во последните две години, на врвот се и костумите на пирати.“

„Ние сме традиционално лиферант на костуми кои имаат прифатливи цени. Тоа значи дека се движиме во сферата од 20 евра за детски костуми, до 30, 40 евра за возрасни“, објаснува Хорст Кроковски.

Поради производството на Далечниот исток, костумите имаат прифатливи цени. Или, кажано поинаку - без глобализацијата, задоволството на костумирање ќе ги чинеше германските карневалисти значително поскапо.

Автор: Клаус Дојзе / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска