1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

До милениумските цели со темпо на полжав

На меѓународната заедница и’ остануваат само уште пет години за остварување на „милениумските цели“. Од денеска, во седиштето на ОН во Њујорк, ќе се одржи тридневен самит со цел да се извлече меѓубиланс на постигнатото.

default

Седиштето на ООН во Њујорк

ООН секако не може да биде горда на податокот дека ден денес повеќе од една милијарда луѓе секоја вечер си легнуваат гладни в кревет. И покрај тоа, меѓубилансот за реализацијата на милениумските цели не е толку лош, како што се чини на прв поглед. Иако светската економска криза видно го ослабе трендот на подобрување на состојбата во светот на овој план, бројот на луѓе кои гладуваат на оваа планета, сепак е намален. Според статистичките податоци на Светската банка и ММФ, голем број земји дури ќе успеат да ги остварат зацртаните цели од милениумскиот пакет. Тоа важи особено за оние од Јужна и Источна Азија, на пример за Кина. И на африканскиот континент има земји кои спаѓаат во оваа група успешни, но општатата ситуација на „црниот континент“ останува загрижувачка.

Нема изговор за неисполнетите ветувања

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, спроти самитот порача дека не смее да се губи надежта. Освен тоа влошувањето на економската ситуација во светот не би смеело да биде изговор за богатите земји за намалување на нивниот придонес за остварување на милениумските цели.

UN Philippinen Internationaler Tag gegen Armut

Каква ќе му биде иднината? Дете на Филипините

„Не смееме да ги санираме нашите буџети на штета на сиромашните!“

Зацртана цел на овој план е развиените земји годишно да издвојуваат за помош на сиромашните по 0,7% од бруто-домашниот производ. Квотата требаше постепено да расте од година во година и за 2010 требаше да стигне до 0,51%. Белгија, Финска, Ирска и Велика Британија, ги исполнија зацртаните цели, но Германија, на пример, заостанува на тој план со само 0,4% издвојувања.

Пука кај што е најтенко

Погледнато по региони, особено доцни ветената помош за Африка. Бан Ки Мун порачува дека не се исплатени ветени средства во вкупен износ од 16 милијарди долари.

„Жално е што најголем дел од средствата не се исплатени за земјите, на кои им се најмогу потребни.“

Во меѓувреме, земјите донатори и земјите приматели на ветената помош се караат околу тоа дали милениумските цели не се остваруваат доволно брзо заради недостатокот на ветените финансиски средства или заради нивната неефикасна примена.

Bundeskanzlerin Angela Merkel

Канцеларката Ангела Меркел

Канцеларката Ангела Меркел неодамна порача дека решавачкиот импулс за промени мора да дојде од погодените, иако и нивните политичари имаат важна улога: „Станува збор и за добро водење на политиката. Постојано се слуша дека еден од големите проблеми е корупцијата и дека доброто политичко раководење со земјите е услов за долготраен развој!“

На тридневниот самит во Њујорк ќе стане збор и за нови финансиски ветувања. Веќе сега е јасно дека до сега ветените средства нема да бидат доволни за остварување на милениумските цели на ОН. Само од 2012 до 2017 година ќе недостасуваат годишно по 340 милијарди долари.

Автор: Кристина Бергман / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска