1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

До крајот на 2008 тешко ќе се постигне целта - датум за преговори со ЕУ

Македонскиот парламент работи без опозција. Експресно ги носи законите од европската агенда. Но, дали Македонија до крајот на годинава ќе ја постигне посакуваната цел - датум за преговори? Експертите се песимисти.

default

ЕУ

Дали Македонија нема да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ поради Грција или домашните проблеми? Оваа дилема експертите ја толкуваат различно, но единствени се во песимизмот дека земјата до крајот на годината тешко ќе стигне до посакуваната цел.

Професорот по меѓународно право и поранешен вице премиер за евроинтеграции, Васил Тупурковски вели „ Во услови кога Грција има доминантна позиција во тој процес ние таква награда до крајот на годината нема да добиеме. Во тие околности ниту опозицијата ќе ќари нешто, ако ја нападне власта зошто не постигнала датум, ниту власта ќе ќари нешто ако ја обвини опозицјата дека го успорува тој процес. Туку нависина треба сериозно да седнат да размислат и да ја остваруваат европската агенда и да се борат за своите политички ставови тоа е потполно легитимно.“

Европската комсија очекува напредок, а не целосно завршување на обврските. Македонската администрација има капацитет да покаже прогрес во повеќе области, смета Драган Тилев еден од најдобрите познавачи на македонскиот евроинтегративен процес. Сепак Тилев не верува дека до крајот на годината на Македонија ќе и биде одреден датумот за преговори.

Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од декември 2005 година.