1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

До каде е Србија на патот кон ЕУ?

Само денови би можеле да го делат Белград од кандидатски статус со ЕУ. Меѓутоа Унијата бара решавање на косовското прашање. Дијалогот меѓу Белград и Приштина притоа е суштински, но е засенет од немири.

Montage Charlotte Jaekel

Србија со нетрпение го очекува 9 декември. На самитот на ЕУ во Брисел треба да биде донесена одлуката, дали земјата ќе добие статус на кандидат. Најголемата пречка за Србија во моментов се чини дека е косовското прашање, во прва линија тапкањето во место на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Дијалогот со посредство на Брисел беше прекинат во септември и обновен дури пред неколку денови. Меѓутоа и покрај дипломатските напори постојано се случуваат насилни судири на северот на Косово на границата со Србија. Заднина на овие судири е трговскиот спор меѓу двете страни.

Serbien Besuch Kanzlerin Angela Merkel

Ангела Меркел и Борис Тадиќ (архива)

По ескалацијата на насилството на северот на Косово во јули, германската канцеларка Ангела Меркел беше во посета на Белград. Граничниот конфликт и застојот во дијалогот меѓу Косово и Србија беа најважните теми на агендата. Притоа Меркел јасно укажа дека ЕУ не бара Белград веднаш да го признае Косово, меѓутоа пристап на Србија кон ЕУ без решавање на косовското прашање е невозможен.

За Србија признавањето на независноста на Косово не е опција, повтори неодамна српскиот претседател Борис Тадиќ. „Уверен сум, дека може да најдеме решение на албанско-српскиот конфликт на Косово, ако постапуваме рационално и ако сите сме доволно свесни за одговорноста“, изјави Тадиќ. Притоа треба да се земат предвид решенија кои не бараат од Белград признавање на Косово „Може да најдеме такви, кои се доволно добри за сите - и за Србите и за Албанците, како и за Европската унија. Така и’ пристапувам на работата.“ И покрај последниот индицент на северот на Косово преговорите меѓу Косово и Србија денеска (30.11) треба да продолжат во Брисел.

Охрабрување или демотивација?

Доколку Србија на 9 декември би добила статус на кандидат, европската иднина на земјата ќе биде во одредена мерка обезбедена, уверен е Никола Јовановиќ, новинар и издавач на српското списание „Предизвик за европската интеграција“: „Би било значајно охрабрување за земјата и би продолжила европеизацијата и модернизацијата на општеството и државата“.

Доколку Србија не го добие кандидатскиот статус тоа ќе биде тежок удар, пред се’ за политичката елита, која долго работеше на тоа земјата да биде дел од европското семејство на народи. Истовремено би било и големо разочарување за граѓаните, бидејќи мнозинството Срби го поддржуваат посакуваниот прием во ЕУ, смета Јовановиќ. „Негативна вест би била обесхрабрувачка и можеби би делувала и понижувачки“.

Доколку Србија го добие кандидатскиот статус, би можела да биде мотор за приближување на регионот кон ЕУ, смета известувачот за Србија и европарламентарец Јелко Кацин. Најважното прашање за него е: „Дали Србија сака да ги прифати основните принципи на ЕУ, тоа значи слободен сообраќај на лица, стоки, капитал, како и на основните идеи на европското обединување?“ На ова прашање јасен одговор очекуваат Берлин и ЕУ.

Symbolbild Ja zur EU

Во Србија расте скепсата за пристап кон ЕУ. Во Белград, каде живеат една четвртина од граѓаните на земјата, поддршката за ЕУ е на најниско ниво до сега. Околу една третина од Белграѓаните би гласале против пристап во ЕУ, доколку би имало референдум. Ова го покажува актуелната анкета на Агенцијата за европска интеграција и соработка. Според Данко Руниќ, резултатот од анкетата е повразан со настаните од последните месеци, посетата на германската канцеларка на Белград во август, ескалацијата на насилството на Косово, како и откажувањето на парадата на хомосексуалците во Белград. Граѓаните мислат дека ЕУ предолго ја држи Србија на страна и поставува многу услови, сметаат многумина учесници во анкетата.

Сепак мнозинството Срби го поддржуваат пристапот на Србија кон ЕУ. И кај нив не сите сомнежи се отстранети. „Може да пристапиме кон ЕУ и ако не ни се допаѓа да излеземе“, вели еден минувач во Белград. Сепак може и да се случи ЕУ да издејствува нешто добро. Во ова, според последната анкета, се уверени само уште 44,5 проценти од Белграѓаните. Во јули годинава на такво мислење беа повеќе од половината од сите испитаници.

Автор: Ивица Петровиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски