1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

"Дојче Телеком" ќе отпушти 32.000 вработени

Веста број еден која предизвика големо внимание овде во Германија, но секако и во Европа е планираното кастрење во телекомуникацискиот гигант Дојче Телеком. Шефот на компанијата Кај Уве Рике вчера попладне ги објави плановите за отпуштање на 32.000 вработени во наредните три години.

default

Како причина за ваквата непопуларна мерка компанијата, која годинава остварува добар деловен резултат ја наведува големата конкуренција која е присутна на пазарот и големиот развој на технологијата. Најголемиот удар ќе го претрпат вработените во фиксната мрежа Т Ком, делот кој вработува вкупно 107.700 лица. Речиси истовремено кога Дојче Телеком ги објави плановите за намалување во налетот на конкуренцијата, беше објавена веста дека Шпанскиот телекомуникациски гигант Телефоника ќе го купува британскиот О2.

Шпанската Телефоника понуди 26,1 милијарди евра за купување на О„, кој е присутен и на германскиот пазар. Како што соопшти компанијата, превземањето ќе биде официјализирано во Јануари 2006. О2 според договорот ќе го задржи постојниот бренд и ќе продолжи да функционира во Британија.

Компанијата, која пред четири години се одвои од БТ групата во моментов има 26,4 милиони корисници. Присутна е во Британија, Ирска и Германија.