1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Дојче Телеком" мора да го продаде „Космофон"

Државната антимонополска комисија му наложи на „Дојче Телеком" да го продаде мобилниот оператор „Космофон„ еден од двата мобилни оператора кои оваа Германска компанија ги поседува во Македонија.

default

Централата на „Дојче Телеком" во Бон

Причината за ваквата одлука на антимонополистите во Македонија е да се избегне концентрација на пазарот, што ќе ја наруши конкуренцијата во земјата. Проблемот настана откако „Дојче Телеком" кој во Македонија го поседува „Ти Мобајл" го купи грчки „ОТЕ" во чија сопственост беше „Космофон".

Овие два мобилни оператора, во моментов поседуваат повеќе од 90% од претплатниците во Македонија. Ова е главната причина поради која реагирала Антимонополската комисија. Претседателот Чедомир Кралевски, објаснува дека една од надлежностите на комисијата како државен орган е да го спречува процесот на нарушување на конкуренцијата и во случаи кога доаѓа до спојување на две или повеќе странски фирми кои преку фирми ќерки во Македонија ќе влијаат врз нарушување на конкуренцијата на пазарот.

Dossier Telekom Bild 1 Flaggen vor Telekom

„Дојче Телеком" има рок од месец за поднесување жалба или тужба по одлуката, но тоа не се очекува. Поверојатно е дека „Дојче Телеком" ќе ја забрза процедурата на мобилниот оператор „Космофон" Како најсериозни кандидати за купување се спомнуват „Мобилком Австрија" и „Словенечки Телеком".

Во случај да не го почитува решението, германската комапнија може да биде казнета со 10% од прометот, или да добие забрана за вршење на дејноста. Инаку освен во мобилната телефонија, конкуренцијата е слаба страна на Македонија во повеќе области. Европската Комисија бара либерализација и во фиксната телефонија, каде исто така доминира „Дојче Телеком". Проблематични се и нафтениот сектор и производството на градежни материјали.