1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дојче веле продолжува да емитува на македонски јазик

Агенциите денеска ја пренесоа веста дека ќе биде укината радиопрограмата на Дојче веле на македонски јазик. Веста не е точна, иако се планирани одредени зафати. За што всушност станува збор?

default

Во Дојче веле претстојат обемни промени, но најбитно е дека останува понудата на македонски јазик. ДВ ќе продолжи да емитува радио-програма на македонски јазик, иако во намален обем од 1 јули годинава. Останува и интернет-понудата на Македонската редакција на ДВ, а се планираат и нови зафати, на пример продукција на телевизиски магазини, кои би биле емитувани преку партнерски тв-станици во Македонија.
Zoran Jordanovski

Зоран Јордановски

Значи, почитувани слушатели на радиото и корисници на интернет-понудата на ДВ на македонски јазик: и во иднина ќе можете да не слушате на вообичаените фреквенции преку програмите на нашите партнери и да не читате во интернет на познатата адреса www.dw-world.de/macedonian. А за тоа кои емисии ќе бидат укинати, навремено ќе Ве информираме.

Инаку, ќе биде намален обемот на радиопрограмите и на јазиците од другите земји во регионот. Се укинува и емитувањето радиопрограма преку сопствените фреквенции на ДВ во Букурешт, Тирана, Приштина и Софија. ДВ планира укинување на емитувањето радиопрограми преку кратки бранови, освен за Африка и делови од Азија.
Ние продолжуваме да го следиме технолошкиот развој, како и развојот на состојбата на медиумскиот пазар и соодветно на тоа ќе ја прилагодуваме и во иднина нашата мултимедијална понуда. Ви благодариме за досегашната доверба. Останете и натаму со нас и со нашите програмски понуди.
Зоран Јордановски, уредник на Македонската редакција на Дојче веле