1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дојче веле - медиумска куќа во најдобрите години

Дојче веле во Бон со свеченост го прослави 60-годишното постоење. Говорниците го истакнаа значењето на ДВ за плурализмот на мислењата и за ширењето на сликата нa Германија во светот.

Свеченоста по повод 60-от роденден на Дојче веле вчера се поклопи со одбележувањето на 17 јуни, ден на народното востание во Германската Демократска Репиблика во 1953 година.

„Луѓето во ГДР копнееја по слобода, кон слобода на мислењето и печатот, демократија и човекови права“, изјави интендантот на Дојче веле, Ерик Бетерман во поздравниот говор во пленарната сала на поранешниот Бундестаг во Бон.

Демократија, слобода и човекови права се столбовите на западните општества, но нивното постоење не е насекаде разбирливо.

„Затоа Дојче веле од 1953 година го пренесува германскиот поглед на светот и германските искуства на меѓународно, европско ниво, ширејќи ги во тие простори нашите теми“, изјави Бетерман пред 1.500 гости.

Kulturstaatsminister Bernd Neumann würdigt das 60-jährige Bestehen der DW

Бернд Нојман

И германскиот државен министер за култура и медиуми, Бернд Нојман, го потврди значењето на Дојче веле со емитувањето програми во странство:

„Дојче веле во неслободните региони на Земјата е прв извор на информации кога луѓето таму сакаат да формираат сопствено мислење, независно од цензура и државни интереси“. Дојче веле со тоа не е само пренесувач на универзалните вредности, како слобода и човекови права, туку и „мост меѓу различните култури и тоа од самиот почеток“, истакна Нојман.

Мултимедијална куќа со над 100 милиони корисници

„Од дете на економското чудо, 60 години подоцна стана медиум во најдобра возраст“, рече Нојман, фалејќи ја големата способност за реформи на куќата. Од почетокот на емитување програма на 3 мај 1953 година, радиостаницата на кратки бранови прерасна во мултимедијална куќа. Дневно таа има над сто милиони корисници на понудата на 30 јазици, која ја произведуваат околу 3 илјади постојани и хонорарни соработници од 60 нации.

Нојман и Бетерман истакнаа - Дојче веле има исклучителна важност за Германија, затоа мора да се обезбеди неговото сигурно финансирање. Во минатото Дојче веле често беше „злоупотребувано“ при буџетските кратења во областа на културата, рече Нојман. Тој ќе се залага и во иднина Дојче веле да може барем да се потпре на стабилен буџет.

Новиот договор ќе го зајакне Дојче веле

Покрај сигурните финансии, за говорниците натамошен гарант за глобалната конкурентност на Дојче веле е новиот договор за соработка со Јавниот радиодифузен сервис, АРД, ЦДФ и Дојчланд радио. Пред неколку дена премиерите на покраините одговорни за јавниот радиодифузен сервис и германската канцеларка Ангела Меркел го потпишаа соодветниот договор.

Според него, јавниот радио и телевизиски сервис треба да му лиферува на Дојче веле повеќе прилози. Освен тоа, партнерите во иднина заеднички ќе произведуваат содржини. Досега постоеше размена на прилози меѓу нив, но со повеќе услови, кои сега ќе бидат поедноставени.

Der ARD-Vorsitzende Lutz Marmor, Intendant des Norddeutschen Rundfunks beim Festakt 60 Jahre Deutsche zur Eröffnung des Global Media Forum 2013

Луц Мармор

„Оваа засилена кооперација со АРД, ЦДФ и Дојчланд радио има за цел мноштвото програмски извонредно квалитетни делови уште позасилено од досега да бидат користени за во странство“, изјави Нојман, заблагодарувајќи му се на Ерик Бетерман за неговото повеќегодишно залагање за оваа соработка, која на крајот на неговиот мандат станува реалност.

Вин-вин ситуација

Првиот човек на АРД, Луц Мармор, во договорот за соработка гледа вин-вин ситуација:

„Ви ја пренесувам поддршката од името на моите колеги од АРД. Темелите за во иднина се веќе поставени. Останува она што сега е на хартија, да го исполниме заеднички со живот“, истакна Мармор.