1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дојче веле добитник на престижната награда Грим

Десет млади репортери, пет земји, едно прашање: Што прават младите во време на еврокризата? „ПланотБ“ на Дојче веле во мултимедијална форма понуди некои одговори и ја освои престижната награда Грим.

Финансиската криза во Европа за повеќето земји од Стариот континент се претвори за оптоварување. Сепак, најтешко е на југот. Кризата ја чувствуваат сите, но нејзината цена највисоко ја плаќаат младите. Зашто, работа и така нема, сега се надоврзуваат еконoмските состојби кои доведоа до уште поголем хаос на пазарот на труд. Невработеноста меѓу младите порасна и над 50 проценти во некои држави.

Како младите излегуваат на крај со овој проблем? Што планираат да направат?Дојче веле го осмисли мултимедијалниот проект „План Б“, заснован на идеи, предлози, храброст и креативноста на младите. Тоа беше прилика токму тие да го изнесат своето видувањена проблемот и да предложат свои решенија. Навистина, поводот беше економската криза, но идејата беше пред се‘ мотивација на младите во конципирање планови за својата иднина.

Лично, младешко согледување на кризата

Кон крајот на минатата недела институтот Грим, чиј фокус е врз медиумите и светот на комуникациите, на проектот „План Б“ на Дојче веле му ја додели наградата во категоријата „Знаење и образование“. Жирито посебно го пофали настојувањето на германскиот јавен сервис, програмите за странство, проблемот на кризата на граѓаните да им го приближи од поинаков агол, во кој кризата доби „младешко лице“.

„Публиката запозна самоуверени млади луѓе кои не сакаат да се предадат и кои многу конструктивно се соочуваат со невработеноста и немањето пари“, соопшти стручното жири.

„Разновидност, духовитост и загриженост, се‘ ова може да се воочи во мултимедијалната презентација ан интервјуа, статии и други содржини. Сето тоа навистина претставува мултимедијална разглендица на кризата и на иднината, која на публиката и‘ овозможува да ја сфати својата емотивна врска со оваа тема и подобро да ја разбере ситуацијата“.

Grimme Online Award Auszeichnung für DW-Volonteure / Projekt Plan B

Волонтерите на Дојче веле освоија важна награда

Мултимедијално и повеќејазично

Директоорт на Дојче веле Ерик Бетерман ја искористи приликата да им честита на младите волонтери-приправници кои го создадоа проектот „План Б“, истакнувајќи дека станува збор за вообичаениот пристап на Дојче веле, медиумска куќа во која проектите се главно мултимедијални, повеќејазични и од различен вид, кои поттикнуваат дијалог. Во случајов, дијалог меѓу младите.

Наградените беа изненадени од одлуката на Институтот Грим, но драго им е што трудот им се исплатеше. Посебно се задоволни што со оваа награда ќе се сврти вниманието на бројни приказни на младите луѓе, а вниманието ецелосно заслужено.

Проектот „План Б“ го осмислија десетмина волонтери-приправници, кои обиколија пет европски држави: Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Ирска. Независно од материјалите од терен, проектот опфаќа и портрет на германската канцеларка, пораки од улиците во форма на графити и аудио содржини.

Наградата Грим се доделува секоја година, уште од 2001 година и се смета за најпрестижната онлајн награда во Германија. Таа се доделува во четири категории.

WWW-линкови