1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дојче банк оствари рекорден приход и отпушта илјадници вработени!

Јозеф Акерман, претседател на УО на Дојче банк

Јозеф Акерман, претседател на УО на Дојче банк

Дојче банк најави укинување на натамошни 3280 работни места во странство, или заедно со оние во Германија вкупно ќе бидат укинати уште 6400 места. Но, во филијали на банката во земји со ниски плати ќе бидат отворени 1200 нови работни места. Со таквите мерки Дојче Банк сака персоналните трошоци годишно да ги намали за 1,1 милијарда евра. Севкупните заштеди за тековнава година се планирани на 1,2 милијарди. “Не ни беше лесно да донесеме вакво решение. Со сите засегнати фер и одговорно ќе бараме решенија. Но, ние ќе можеме да бидеме и да останеме атрактивен работодавец само ако долгорочно ја обезбедиме нашата конкурентност” – рече претседателот на Управниот одбор на Дојче банк, Швајцарецот Јозеф Акерман.

Истовремено со податоците за намалување на бројот на вработени, банката го објави и деловниот биланс, според кој е остварен приход од преку 2,55 милијарди евра, највисоко ниво за последните пет години. Тоа е повеќе и од предвидувањата на аналитичарите. “Во меѓувреме е сфатено дека со приватните фирми и со приватните клиенти можат да се прават добри бизниси, под предуслов ним да не им се сигнализира дека се всушност непожелни” – оценува порфесорот по економија Рајнхард Шмит од Универзитетот во Франкфурт на Мајна.

Клаус Нидинг од Заштитното здружение на германските поседници на хартии од вредност ја критикува напрегледноста на понудените финансиски продукти: “Од нашето искуство и од нашата адвокатска дејност исто така, сосем јасно можеме да потврдиме дека мноштвото на понуди на финансискиот пазар во меѓувреме е толку големо, што едноставниот, нормален клиент веќе нема точен преглед каков продукт му се продава”.