1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дојдете во променетиот Линц

Линц некогаш беше познат како валкан и зачаден „град на железото“. Смогот над градот одамна е исчезнат, а оваа година Линц, заедно со литванската престолнина Вилнус, ја носи титулата „Главен град на културата во Европа“.

default

Линц на Дунав - европска културна метропола

Линц се наоѓа во северниот дел на централна Австрија и е распространет од двете страни на реката Дунав. „Линц менува“ е слоганот на третиот по големина град во Австрија за оваа значајна година за него. Слоганот го смисли Мартин Хелер, директор на културната програма „Линц 2009“.

Linz Europäische Kulturhauptstadt 2009

„Културната програма во овој град мора да изгледа поинаку од културната програма во Салцбург или Виена. Поради тоа што овој град е поинаков и неговите жители се поинакви, потребно е и поинаква културна програма. Посетителите овде не доаѓаат затоа што сакаат да видат некој проект, туку затоа што ги интересира Линц“, вели Хелер.

Омилениот град на Адолф Хитлер

Ева Хофер е туристички водич низ Линц. И покрај одбивноста што ја имала кога дошла во овој град, денес не би можела да си замисли да живее на некое друго место.

„Во Линц дојдов заради работа во средината на седумдесеттите години од минатиот век. Тогаш мислев дека овој град е сив и оти сигурно нема да останам долго тука. Но, поради љубовта сепак останав. Денес не можам да си замислам да живеам на друго место“, вели Хофер.

На 12 март 1938 година Адолф Хитлер стоеше на терасата на зградата на градското собрание, која се наоѓа во центарот на Линц и пред 40 илјади луѓе го објави „Враќањето на Австрија кон германскиот Рајх“. Линц беше омилен град на Хитлер, кој живеел во него како дете цели шест години.

Linz - Hauptplatz mit Dreifaltigkeitssäule und Dom

Централниот плоштад во Линц

Од септември 2008 година, во Линц може да се види изложбата со наслов „Градот на културата на фирерот“. Всушност, овој наслов е цитат од Хитлер, кој во тоа време имал идеја да го претвори Линц во метропола, бидејќи не сакал неговиот омилен град да остане запуштено мало место, раскажува директорот на музејот, Харолд Јанко.

Центарот „Арс електроника“ е културно средиште на Линц

За Мартин Хелер денешниот Линц е целосно поинаков град. „Линц доживеа промени што посетителите повеќе не можат да ги видат, но тие оставија длабоки траги во градот. Целта на манифестацијата ’Главен град на културата во Европа’ е да се покаже денешен Линц, друг Линц“, вели Хелер.

Титулата „Главен град на културата во Европа“ на Линц му донесе и 60 милиони евра. Парите не се инвестирани само во инфраструктурата и во подземните гаражи, туку и во други големи проекти.

Еден од нив е центарот „Арс електроника“, кој е културно средиште на градот.

BdT Österreich Ars Electronica Gebäude Linz

Центарот „Арс Електроника“ изгледа прекрасно навечер

Освен најмодерната технологија, која на посетителите им нуди можност да ги остварат своите фантазии, Центарот им нуди задоволство и на пешаците надвор на околните улици. Стаклениот центар е осветлен со извонредно комбиниран светлосен дизајн. Во текот на целата 2009 година Линц нуди извонредни музички и театарски претстави.

„Во лето секој ден ќе се одржуваат концерти со оргули и тоа бесплатно. Само однапред треба да се знае во која црква ќе се случува тоа. Секоја недела во кината ќе се прикажуваат филмови што се поврзани со Линц. Не станува збор за познати филмови, но тоа е уште една можност за запознавање на градот“, вели Хелер.

Најчудниот хотел во Австрија

Рихард Штегер е архитект и соосновач на еден од најчудните хотели во Австрија.

Linz wird Europäische Kulturhauptstadt 2009

Новата година во Линц дочекана со огнометот наречен „Ракетна синфонија“

Станува збор за хотелот „Пиксел“, кој, всушност, не е традиционален хотел што се наоѓа во една зграда, туку неговите апартмани се распрскани како пиксели на најнеобични места низ целиот град. Една од нив се наоѓа во поранешна индустриска работилница, просторија од 95 квадратни метри во која може да се вдише индустриското минато на Линц. Асфалтниот под е само исчистен, во кабината на товарниот лифт е направен вграден плакар и среде собата е поставен кревет. Во просторијата се наоѓа и една приколка од 1966 година што служи како дневна соба или како дополнително место за спиење.

Покрај овој апартман, останатите соби на хотелот „Пиксел“ се наоѓаат во еден стар брод во пристаништето на Дунав, во стан поранешна работничка населба или, пак, во поранешен пасаж со продавници за текстил.

„Нашите гости ги водиме на места во градот што сметаме дека се шармантни и сакаме да им ги покажеме на другите. Собите се распоредени низ целиот град, а хотелскиот бар исто така не е во хотелот, туку е некој популарен бар на некоја централна локација. Ние на нашите гости им го покажуваме она што можеби самите не би можеле да го најдат“, вели Штегер.

Постојан контакт со историјата и со современото

Токму таков е случајот со кафулето „Мејер“ на плоштадот „Пфар“, во кој се собираат младите од Линц за да испијат пиво со пријателите или само да прочитаат весник.

Со карта на градот в рака, гостите на хотелот „Пиксел“ самите низ Линц мораат да го најдат ова место, каде што треба да појадуваат. Со оглед на многубројните мали и тесни улички во стариот дел на градот, голема е веројатноста дека гостите ќе заталкаат, но и оти тоа им нуди можност да откријат продавници за антиквитети, трговската улица и места во кои можат да излезат навечер.

29.11.2008 DW-TV KULTUR 21 LINZ 2008

По некое време тие можеби ќе сфатат дека нивната соба во хотелот „Пиксел“ не само што ги катапултира во секојдневието на „Главниот град на културата во Европа за 2009 година“, туку претставува извонреден пример за тоа како може да се користи празниот простор.

Ева Хофер смета дека со сите овие проекти Линц годинава ќе им понуди извонреден престој на посетителите.

„Значи, посетителите постојано се во контакт со историјата на градот, која е долга повеќе од две илјади години, но се дознава и за модерните факти, зашто Линц се менува, се менува себеси, а ги менува и посетителите и жителите. Се’ е многу ориентирано кон иднината“, вели Хофер.