1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија - мојата приказна

Дојдени за да останат: Албанските доселеници во Германија

Повеќето албански мигранти ја напуштаат татковината за да останат трајно во странство. Од 1990 година се отселила една четвртина од населението во Албанија.

Неговото бегство од Албанија, во 50-те години од минатиот век, го однело тогашниот граничар Исмаил Енде прво во Грција. По неколку месеци во грчки логор, повеќето негови другари, кои избегале со него, заминале во САД- најпосакуваната цел за албанските емигранти од почетокот на 20-тиот век. Но, Исмаил се одлучил за Германија, каде неколку години подоцна се оженил со својата сопруга Германка.

По неговото бегство Исмаил не смеел со децении да има никаков контакт со семејството и роднините во Албанија, бидејќи како бегалец тој се сметал за државен непријател. „Миграцијата беше речиси целосно забранета. Сепак, ако некој успееше да побегне, тогаш неговото семејство се соочуваше со тешки последици“, објаснува Даниел Гелер, експерт за географски миграции и трансформациско истражување од Универзитетот во Бамберг. Во комунистичка Албанија патувањата во странство биле строго регулирани и контролирани.Тие биле можни само во ретки случаи и со специјална дозвола, на пример, во случај на дипломатите или избраните студенти.

Симболи на миграциските текови

Der albanische Diktator Enver Hodscha

Албанскиот диктатор Енвер Хоџа


Во првите години по преземањето на власта од страна на комунистите (1944), неколку илјади противници на режимот можеле да ја напуштат земјата, но од 1948 границите биле затворени. Под диктатурата на Енвер Хоџа Албанија целосно се изолираше како од Западот, така и од тогашниот Источен блок.

Дури во јули 1990. година Албанија повторно беше присутна во меѓународните миграциски случувања. Во 1990. и 1991. година светот го обиколија спектакуларни фотографии - група Албанци со камион го пробиваат ѕидот на германската амбасада во Тирана и бараат азил. Други, пак, на рѓосани чамци, кои едвај пловат, се обидуваат да стигнат до Италија, во потрага по подобра иднина. Овие слики станаа симбол на миграциските текови во Западна Европа во 90-тите.

Од 1990. до 2004. година околу милион луѓе ја напушиле Албанија, што е една четвртина од вкупното население и одговара на една третина од работната сила. Во споредба со другите поранешни комунистички земји од Европа населението од Албанија процентуално најмногу избрало да емигрира.

Се’ повеќе албански студенти во Германија

Според истражувањата на албанскиот Завод за статистика во годините помеѓу 1990. и 1995. Германија, по Италија, била најомилената дестинација за албанските емигранти. Во Сојузниот завод за статистика се заведени 3.298 албански емигранти во 1990. година. Меѓу 1992. и 2010. во Германија се дојдени во просек годишно од 10.000 до 12.000 албански мигранти. Во 2011. година беа речиси 10.300 мигранти. Во моментов доаѓаат се’ повеќе Албанци на студии во Германија.
Според истражувањата на ЕУРОСТАТ, Албанија како земја на потекло на мигранти во ЕУ се наоѓа на третото место со 1 милион емигранти. Поради географската близина најмногу албански мигранти има во Грција (околу 500.000) и во Италија (околу 200.000).
Повеќето од овие луѓе се решаваат да живеат во странство поради економски причини, објаснува Димитер Дока од Универзитетот во Тирана. Во некои случаи политичките фактори одиграа улога. Тоа го покажуваат анкетите на албанските мигранти во Западна Европа, но исто така и во самата земја.

Албанците не добиваат азил во Германија

Со оглед дека Албанците во Германија многу тешко добиваат работна дозвола и дозвола за престој, 70 проценти од мигрантите престојуваат илегално во земјата. Поради оваа причина зборот „азил“ повеќе години беше магичен збор, за да се добие барем дозвола за привремен престој во Германија или, пак, друга земја од ЕУ.

Deutschland Asylbewerber im Wohnheim der Ausländerbehörde Brandenburg

Постапката за добивање азил како една од малкуте можности да се остане во Германија


Но, Албанците во Германија од 1991. година повеќе не се признаени како граѓани кои имаат право на азил. Поради тоа секоја година околу 1.500 Албанци се враќаат назад во Албанија. Според статистистичките податоци од Сојузниот завод за миграција и бегалци од 2007. година, Албанците се меѓу оние национални заедници кои најчесто се депортирани од Германија.
Меѓу оние на кои им е дозволено да останат има многумина кои побарале и добиле германско државјанство. Ова е клучна карактеристика на албанската миграција - повеќето Албанци ја напуштаат земјата со намера да останат трајно во странство, исто како и поранешниот граничар Исмаил.

30 години по неговото доаѓање во Германија неговите деца Дрита и Хасан му ја исполниле желбата. Тие посетуваат курс по албански јазик на Универзитетот во Бон. Со помош на албански лектор им се доближуваат на јазикот и културата, кои нивниот татко ги донел со своето бегство во Германија.

Портрети на некои од успешните Албанци во Германија

Гледај видео 04:38

Мира Мезини, информатичарка и професорка

Гледај видео 04:25

Астрит Реџај - градски одборник во гратчето Хохајм

Гледај видео 04:45

Руденс Турку - албански виолинист со реноме

Гледај видео 04:19

Блерим Хетеми - косовски Албанец во католичка болница

Аудио и видео прилози на оваа тема