1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доста е со бланко поддршката за Израел

Германската и израелската влада ги одржаа петтите меѓувладини консултации. Но односите меѓу двете земји стануваат сѐ потешки, коментира Бетина Маркс

На Германија во Израел се гледа како на доверлив и лојален пријател. Германија го поддржува Израел со децении, меѓу другото и преку обезбедување наоружување. Но, уште поважна од воената е политичката поддршка. Со години, Германија го поддржува својот сојузник и во ЕУ и во ОН, речиси безусловно, обезбедувајќи бројни привилегии за Израел, а во исто време го брани од секаква критика во Европа. Уште откако стана канцелар во 2005. година Меркел е гарант за овие специјални односи. Таа дури објави дека безбедноста на Израел е дел од причините за постоењето на германската држава. Таа го поддржуваше Израел и кога таа земја јасно го прекршуваше меѓународното право: на денот кога израелската армија изврши инвазија врз Газа во 2008 година, во која загинаа повеќе од 1.000 луѓе, Меркел дојде до Ерусалим и се ракуваше со тогашниот премиер Ехуд Олмерт.

Но веќе извесно време, оваа неограничена поддршка опаѓа, а главна причина е израелската политика на доселување. Меркел се согласува со мнозинството од остатокот на светот дека доселеничката политика е главна пречка за мир на Блискиот исток. Каде ќе се лоцира идната палестинска држава, доколку не на териториите кои Израел ги окупира од 1967 година? Доколку Израел не се повлече од населбите, и продолжи со својата експанзионистичка политика, го уништува единственото решение за крај на конфликтот со Палестинците, а тоа е решението за две држави, една покрај друга. Алтернативата е заедничка држава меѓу Јордан и Медитеранот, во која двата народи би живееле заедно. Но, таквото решение го одбива Израел, кој инсистира на статусот на „еврејска држава“, со еврејско мнозинство кое е привилегирано и политички и економски.

Мирот не е на повидок

Palästinenser laufen durch Geröll auf dem Weg zu ihren zerstörten Häusern

Палестинци во Појасот Газа

Израел се доведува во безнадежна ситуација. Доволно е силен за иднината на државата да не биде доведена во прашање, но ја ризикува иднината на своите граѓани, кои сакаат да живеат и да ги подигаат своите деца во напредна и демократска држава.

Екстремната десничарска влада која е сега на власт се обидува на сите начини да го направи невозможно праведното решение за конфликтот на Блискиот исток. И повеќе од тоа: оваа влада е во процес на растурање на основите на демократската држава. Таа донесува закони со кои се става во подредена положба палестинското малцинство и се прогонуваат политичките дисиденти. Еден од резултатите е и тоа што сѐ повеќе Израелци живеат надвор од земјата. Десетици илјади дојдоа во Германија во потрага по подобра иднина. Еден од позитивните резултати од меѓувладините консултации е тоа што на тие луѓе им се олеснува престојот и добивањето визи во Германија.

Но останува фактот дека е невозможно за германската влада да ја поддржува актуелната политика на Израел. Особено доколку Германија се чувствува одговорна за безбедноста на Израел, таа има и обврска да ја криткува арогантната и агресивна политика. Доколку, како што Меркел постојано повторува, Германија има историска одговорност да застане зад човековите права, таа не може да остане нема на негирањето на правата на Палестинците. Владата мора да инсистира Израел да почне да го почитува меѓународното право, и да ја услови идната поддршка со тоа.