1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Досие „Ахмети“ - Албанците на штрек

Лустрацијата и натаму останува една од најжешките теми во Македонија. Интересот на јавноста особено се зголеми по наводните информации дека Али Ахмети бил шпион на УДБА.

default

Единствената одговорна јавна личност, лустрирана како кодош на тајните служби, е сменетa од функцијата Преетседател на уставниот суд. Но, Трендафил Ивановски неделава не замина поради одоговорност за своето минато, туку поради системот на ротација, кој предвидува избор на нов претседател на Уставниот суд на секои три години.

Темата „прочистување од кодошите“ не се симна од топ листата на најатрактивните написи и политички реакции. Особено откако оваа седмица беше појавено досието Ибар, во кое се наведува дека УДБА, Југословенската тајна полиција, како соработник го регирстрирала и регрутирала Али Ахмети, водачот на ОНА за време на воениот конфликт во Македонија. Лидерот на ДУИ преку јавна изјава со доза на иронија одговри за наводното кодошко досие - Албанците биле најсреќен народ во регионот, штом УДБА ја создала ОВК и ОНА, се залгала за независно Косово и за рамномправност на Албанците во Македонија.

Остануваат дилемите што во јавноста добија гласност - дали досието за Ахмети е вистинско, кој и зошто го лиферувал од Белград или Скопје, кога се знае дека лустрацијата се изведува врз основа на оригинални документи, достапни до Комисијата за нивна оценка. Се потврди дека најспорните или најконтраверзните досиеја за кодошкото минато на дел од македонската политичка елита се наоѓаат во белградските тајни архиви. Нивната достапност за македонките институции ја побара предстедателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, при што неговиот домаќин, српскиот претседател Борис Тадиќ се повика на постапката за сукцесија од екс-Југославија.

Комисијата за лустрација не е доволно стручна да ги провери документите?

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Досиејата подметнати од членови на самата ДУИ?

Членот на Комисијата за лустрација, Ѓорѓи Малковски, историчар и универзитетски професор, недомна за Дојче веле потврди дека во Белград се чуваат оригиналите за евентуалното ангажирање на македонски врвни личности, кои биле прогласувани за националисти, албански екстремисти, бугарофили или четници, но и како доушници на македонските и екс-федеративните тајни служби. Потоа следуваа контраверзните одгласи од Македонскиот архив, кој прво тврдеше дека тие досиеја се во Скопје, а неколку недели потоа таквите информации беа повлечени. Затоа е неизвесно од каде потекнуваат и дали се точни информациите за тајниот код на Али Ахмети како соработник уфрлен во албанската емиграција.

„Членовите на Комисијата за лустрација се нестручни и неопитни да оценат дали документите што им се доставени за врвното раководство на ОНА се навистина дел од тајните архиви на УДБА, зашто тие и не знааат како се прави и се структурира досие на тајни соработници или разузнавачи, какви се процедурите за нивно создавање или евентуална манипулација со нив“, вели за ДВ Стево Пендаровски, екс-советник за национална безбеднсот на претседателот Бранко Црвенковски.

Тој, како универзитетски професор, истакнува дека зад објавувањето на податоците, што би требало да го дискредитираат Али Ахмети, потојат персонални мотиви за пресметка во албанскиот блок. „Но, не исклучувам дека и некој од македоснкиот политички табор, пред се` владечкиот и колаициски партнер од владата, настојува да ги дисциплинира ДУИ и неговите кадри, пред објавувањето на извештаите за ЕУ и НАТО перспективите на Македонија“, вели Пендаровски.

Папките за мниситерот Муса Џафери (Мама), Фазли Велиу (Вујко) и Али Ахмети (Ибар) се поттурнати во јавноста од опозоицискиот табор околу ДПА. Во остро интонираното обраќање до в.д. претседателот на Косово Јакуп Красниќи, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ги обвинува косовските преставници и дел од екскоманданти на ОВК дека го бранат лидерот на ДУИ поради страв од сопствените досиеја од југословенските времиња.

Процесот на лустрација е вон контрола

Prof. Dr. Ljubomir Frckoski

Имиџот на Ахмети е веќе извалкан во јавноста - вели Фрчкоски

Универзитетскиот професор Имер Исмали не сака да навлегува во тероиите на заговор за традиционалните спреги на тајните служби од Белград и Скопје, кои би биле заинтересирани за нова дискредитација на Слбанците во Македонија и Србија, меѓутоа за ДВ вели дека не исклучува да постојат инетреси и личности кои би поскале, за првпат, внатреалбански судир врз поделбите на патриоти и предавници, кои потоа би се фокусирале и на меѓуетнички конфликти во регионот.

Некомпетентноста на Комисијата за лустрација влијае врз политизацијата на целот процес на дискредитација на раководствот на ОНА, со цел да се преиспитаат мотивите и за конфликтот во 2001 година и да се стави под сомневање рамковниот договор, изјави за ТВ А1 Љубомир Фрчкоски.

„Консеквенца на таквите реакции на лустраторите е компелтната фрустрираност кај Албанците, новинарите, јавноста. Со такви задоцнети реакции дали досиејата се валидни или не, Ахмети не може да биде исчистен, а веќе е извалкан пред соптвената јавност. Самиот процес на прочистување од кодошите е тотално вон контрола, излезен од рамките на иснтитуциите и тоа создава гнев кај Албанците, а јас не би се радувал на таквата состојба“, кажа синоќа екс-министерот за внатрешни работи.

Идентичен став има и неговиот универзитетски колега, но и прв директор на Агенцијата за разузнавање, Владо Поповски.

„Станува збор за дубиоза, која може да има несогледливи последици за меѓуетничките односи, доколку инситуциите брзо и ефикасно не ја расчистаат оваа афера со наводното кодошко минато на Али Ахмети“, рече професорот Поповски.

Соговрниците на ДВ додаваат дека не искчлучуваат во оваа валкана улична лустрација да се појават и досиеја за кадри од македонската политичка гарнитура, без притоа да се има став дали се тие дел од архивите за Македонија во поранешните тајни југословенски известителни служби, кои очигледно се` уште се недостапни за македонските лустратори.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев