1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Доселениците се мачат на германскиот пазар на труд

Странците имаат полоши шанси од Германците да најдат работа на пазарот на трудот во Германија, заклучува келнскиот Институт за економски истражувања. Најпогодени се имигрантите од арапските земји.

Немате германски пасош, нема работа? Користејќи ги податоците од Германската сојузна агенција за вработување, Институт за економски истражувања (ИВ) од Келн, сега за првпат ги споредува шансите на Германците и имигрантите на пазарот на трудот.

Резултатите се јасни - луѓето кои се доселуваат во Германија имаат полоши шанси да најдат работа. Луѓето кои се вработени на половина работно време, јавната администрација, и само-вработените не беа вклучени во резултатите на новита статистика, што исто така значи дека сопствениците на странски ресторани не беа вклучени. Само странци со дозвола за живеење беа вклучени, што значи дека бегалците и барачите на азил исто така беа исклучени.

Но, и покрај сето тоа, сепак ова е „недвосмислена целокупна слика“, вели Холгер Шефер, консултант за пазарот на трудот во ИВ. „Во основа странците имаат поголема стапка на невработеност отколку Германците“. Всушност, стапката е двојно поголема. Стапката на невработеност во јуни во Германија беше седум проценти, а за луѓето без германски пасош таа изнесуваше околу 14 проценти.

Арапските имигранти се најпогодени

Имигрантите во Германија од арапскиот свет имаат најголема стапка на невработеност, особено луѓето од Либан, Ирак, Авганистан и Иран. Шефер вели: тоа сигурно се должи на фактот што овие луѓе доаѓаат овде како бегалци, а не професионално, и затоа им е потешко да најдат професионална основа“.

Повеќето од невработените луѓе од странско потекло исто така припаѓаат на најголемите имигрантски групи во Германија. Турчин кој живее во Германија има двапати и трипати поголеми шанси да биде невработен отколку еден Германец.

„Професионалните“ имигранти се подобро интегрирани

Од друга старана, имигрантите од западните нации едвај се појавуваат во податоците. Французите, Британците и Американците по сѐ изгледа имаат исти шанси како и Германците.

„Источноевропејците исто така се држат добро. Полјаците, на пример, се за само мала разлика повеќе невработени отколку Германците. Романците, кои се често обвинувани дека доаѓаат во Германија за да го користат социјалниот систем, всушност не заостануват многу зад Германците во невработеноста“ , вели Шефер.

Квалификациите се клучни

Корените на проблемот според Шефер се многу јасни - недостаток на квалификации. Странците или воопшто немаат или имаат сосема малку квалификации, а четвртина од странците воопшто немаат работен тренинг, споредено со осум проценти од Германците. Шефер вели: „Агенциите за вработување мораат да работат повеќе и да целат кон млади луѓе од странство“.