1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доселениците не се граѓани од втор ред

Кај германската канцеларка Ангела Меркел се одржа петтиот самит за интеграција. Тежишни точки-поддршка на мигрантите за изучување на германскиот јазик, малиот број мигранти во јавните служби и волонтерскиот ангажман.

default

Како да се олесни интегрирањето на доселениците во општеството

Доселеничка од Украина на служба во германската полиција, тоа во Германија треба да стане секојдневие. Владата се залага за т.н. градители на мостови, кои ќе помогнат за надминување на тешкотиите во соживотот.

„Целта е во безбедносните институции да се отсликува плурализмот на нашата земја и тоа на сите нивоа, со што се стекнува меѓусебна доверба“, истакна канцеларката Меркел.

Тоа е дел од мерките за решавање на јазичните и образовните проблеми, кои се пречка за вклучување на доселениците на пазарот на труд. Сојузната држава, покраините и здруженијата на самитот договорија поголема меѓусебна отвореност.

„Се сметаме за дел од општеството. Изразот мигрант води до создавање луѓе лишени од идентитет - што значи мигрант? Ние сме дел од ова општество и сакаме да бидеме третирани како Германци“, истакна Али Артан Топрак, член на Партијата на зелените и претставник на Заедницата на алевитите во Германија.

Повеќе учители од мигрантски семејства-тоа е во ред, вели опозицијата, но таа бара обврзување на конкретни бројки или уште подобро-признавање на двојното државјанство. Но, тоа не е содржано во акциониот план на владата.

Прилогот можете да го погледнете и како „Видео на денот“!

Автор: Штефен Маргрет/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски