1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дортмунд триумфира, Шалке загуби

Борусија Дортмунд направи голем чекор во насока на осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони. Шалке го касираше првиот пораз.

Борусија Дортмунд го победи вчеравечер (22.10) Арсенал во Лондон со 2:1. Головите за тимот од Дортмунд ги постигнаа Мхитарјан и Левандовски. Во вториот натпревар од оваа група (Ф) Олимпик Марсеј загуби од Наполи со 1:2. Сега Борусија Дортмунд, Арсенал и Наполи имаат по 6 бодови.

Шалке 04 во третиот натпревар од групната фаза на ЛШ го забележа првиот пораз. Екипата на Јенс Келер на свој терен загуби од Челзи со 0:3. Во другата средба од оваа група (Е) Стеауа Букурешт и Базел се разделија со резултат 1:1. Челзи и Шалке водат на табелата со по 6 бодови.

Дербито на вчерашните средби од Лигата на шампиони се играше на „Сан Сиро“ меѓу Милан и Барселона и заврши без победник - 1:1. Во истата група (Х) Селтик го победи Ајакс со 2:1. Прва на табелата е Барселона со 7 бодови.

Во групата Г, Австрија Виена загуби со 0:3 од Атлетико Мадрид, а Зенит беше подобар од Порто и победи со 1:0.

Вечерва се играат дуелите од 3. коло во групите А,Б,Ц и Д.