1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Дортмунд подигна споменик за жртвите од НСУ

Во Дортмунд е подигнат споменик во спомен на жртвите од теророт на НСУ. Во овој град во рурската област во 2006 година беше убиен 39-годишниот Мемет Кубашик во неговиот киоск.

Споменикот во Дортмунд им е посветен на вкупно десет луѓе, кои најверојатно беа убиени од страна на десно-екстремната терористичка ќелија НСУ. Споменикот е плоча со натпис „Ние велиме никогаш повеќе“ (на насловната фотографија) и столб со имињата на жртвите. Во присуство на членови на семејствата на жртвите, претставници на градот го отворија споменикот за јавноста.

Градоначалникот Улрих Зирау во неговото обраќање повика „постојано будно и консеквентно“ да се реагира против сите десно-екстремни аткивности. Јавноста била „многу погодена“ од тоа што убиствата толку долго време не биле препознати како казнени дела на десно-екстремни терористи.

Наместо тоа жртвите и нивните семејства биле криминализирани. Ова било застрамувачки за Германија. Семејствата на жртвите треба да се замолат за прошка, вели Зирау. На отворањето на споменикот присуствуваше и генералнниот конузл на Турција Суле Езкаја и ополномоштеникот на грманската влада за жртвите од НСУ, Барбара Јон.

Градовите, од каде што потекнуваа жртвите, кои најверојатно беа убиени од страна на терористичката ќелија НСУ, постигнаа согласност да подигнат споменици за жртвите со единствена порака. Во Нирнберг, од каде потекнуваат тројца од жртвите ваков споменик беше подигнат во март годинава.