1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дортмунд - нов лидер во Бундеслигата

Сонот за осум победи по ред не се оствари. Осмото коло во германската фудбалска Бундеслига го донесе и првиот пораз за досегашниот лидер на табелата, екипата на Мајнц. Нов лидер на табелата е Борусија Дортмунд.

default

Борусија во гости го совлада Келн

Хофенхајм со пресврт победи против Борусија Менхенгладбах, Мајнц загуби од Хамбургер, а Борусија Дортмунд славеше во Келн и го презема лидерското место на табелата на Бундеслигата.

Борусија Менхенгладбах иако на полувремето водеше против Хофенхајм со 1:0, на крајот загуби со 3:2. Хофенхајм сега има 14 бодови и се искачи на четвртото место на табелата.

„Фактот дека одиме нагоре создава чувство на олеснување. Ова беше важен натпревар за нас, освоивме три бодови, ја вративме довербата и сега сме на одличната четврта позиција“, вели фудбалерот на Хофенхајм, Борис Вукчевиќ.

Лошата серија на Кајзерслаутен продолжува. Четвртиот пораз во низа го доживеа од Ајнтрахт Франкфурт на домашниот стадион Фриц - Валтер. Тимот на Кајзерслаутерн шест натпревари нема победа, а сериозна беше и анализата на тренерот Марко Курц:

„Ова е многу тешка ситуација за нас, кон која треба да настапиме офанзивно, а како прв чекор кон успех дефинитивно ни е потребна победа.“

Срушен сонот за нов рекорд

Во меѓувреме срушен е сонот на тимот на Мајнц и Николче Новески за нов рекорд во Бундеслигата. По седум победи во седум натпревари, Мајнц е запрен од Хамбургер, со голот на Гереро во 89-тата минута.

“Видовме доста интензивна игра, Мајнц игра добар фудбал, и не случајно победи во седум натпревари“, вели тренерот на Хамбургер Армин Фе.

Со поразот Мајнц ја загуби и челната позиција на табелата која сега му припаѓа на тимот на Борусија од Дортмунд. Во петокот Борусија го совлада Келн нагости со 2:1 и ја оствари седмата победа едноподруго.

Хет - трик на Гомез

Баерн Минхен го победи Хановер со 3:0. Играч на натпреварот беше Марио Гомез кој ги постигна сите три гола. Претседателот на клубот Карл - Хајнц Румениге изјави дека секогаш верувал во квалитетот на Гомез:

Mario Gomez

Марио Гомез

„Морам да бидам искрен дека секогаш верував во Гомез, и сметам дека тој е најкомплетен напаѓач што го имаме. Сметам дека нашето трпение денес се исплатеше во секој поглед.“

Вердер исто така направи чекор за излез од кризата, совладувајќи го Фрајбург со 2:1. Ова е прва победа во последните седум натпревари за тимот од Бремен.

Шалке и Штутгарт остануваат на дното

Битката на дното на табелата помеѓу Шалке и Штутгарт заврши нерешено 2:2. Ваквиот резултат ги остави двата тима на дното. Новиот тренер на Штутгарт Јенс Келер беше задоволен иако неговиот тим остана последен.

„Не треба да бидеме разочарани. Претходно веќе доживеавме шест порази, а сега одигравме нерешено. Задоволен сум од постигнатото против Шалке.“

Санкт Паули ја забележа првата победа на домашен терен, и тоа против Нирнберг со резултат 3:2. Со истиот резултат и Бајер Леверкузен однесе победа на гостувањето кај Волфсбург. Бајер направи неверојатен пресврт откако до 70-та минута од мечот губеше со 2:0, и со трите бода се искачи на третото место на табелата.

Автор: Копс Кале/Владимир Калински

Редактор: Жана Ацеска