1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дополнителни санкции на САД за Иран

САД воведоа дополнителни санкции за седум ирански компании и пет експерти за нуклеарна физика, поради работење на развој на спорната нуклеарна програма што ја спроведува Техеран.

Американската влада повторно ги зајакна санкциите против Иран. Во контекст на спорната иранска атомска програма замрзнат е сиот имот во САД на седум претпријатија и пет лица, соопштија министерствата за надворешни работи и за одбрана во Вашингтон. Освен ова на американските граѓани им се забранети какви било деловни контакти со оние на кои се однесува оваа мерка.

Претпријатијата и лицата, според американските власти, го снабдувале иранскиот режим и неговата атомска програма со стока, технологија и услуги. Меѓу петмината е и Фереидоун Абаси-Давани, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI)

САД и нивните сојузници се сомневаат дека Иран, под плаштот на цивилна атомска програма, развива атомска бомба. Иран ги отфрла обвинувањата.