1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дополнителен притисок врз медиумите во Србија

Новинарските и медиумски здруженија во Србија укажуваат дека за време на предизборната кампања дополнително се зголемува и онака големиот притисок врз медиумите.

Тие забележуваат дека политичарите ги цензурираат преку рекламите, оти се гаснат телевизиски содржини од кабелските оператори, а има и случај на политичко митивирано иселување на ТВ и радио станица од работните простории. Новинарите вината ја бараат кај себе, но и кај Републичката радиодифузна агенција.

„Засега не сме забележале некои поголеми прекршувања на Општото задолжително упатство и законската регулатива“, забележува за Дојче веле Милош Рајковиќ, член на советот на Републичката радиодифузна агенција. Според него, агенцијата е поподготвена отколку на претходните избори.

„Софтверот што го набавивме во текот на есента, свесни каква ќе биде состојбата кога се изборите во прашање, а во оваа земја изборите секогаш се судбински, небески, најзначајни, и свесни за големата нервоза што ќе ја предизвикаат, набавивме софтвер. Тоа значи дека сега практично имаме секојдневно во секој момент извештај, пред се’ за емитерите со национална фрекфенција, и за радио и за телевизија, а исто така и за регионалните и поголемите градски телевизии. Со други зборови, практично сме подготвени да реагираме на дневно ниво“, вели Рајковиќ.

Нејасно упатство

Од друга страна, претседателот на Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ) Саша Мирковиќ за Дојче веле забележува дека Општото

Symbolbild Medienfreiheit

Притисоците врз новинарите се зголемуваат во предизборната кампања

задолжително упатство, што го издаде Републичката радиодифузна агенција, всушност се’ почесто ги збунува медиумите, отколку што им ги разјаснува дилемите.

„Мислам дека некој имаше намера, со вакво нејасно упатство, всушност да создаде поголем маневарски простор за еден или друг вид на толкување и соодветно на одредени дневно-политички потреби и влијанија на различни лобисти да се формулираат тие упатства на оној начин на кој тоа одговара“, оценува Мирковиќ.

Тој потсетува дека поради тоа дојде и до забуна околу тоа дали најдобрата емисија за истражувачко новинарство во Србија „Инсајдер“ на телевизија Б92 може да се емитува во предизборниот период, по што е соопштено дека „Инсајдер“ сепак ќе биде емитуван.

Од оваа асоцијација протестираа и за политички мотивираното исфрлување на редакцијата на Тимочка телевизија и радио од работните простории во Заечар, како и против гаснењето на сигналот на медиумите со важечки дозволи во кабелскиот дистрибутивен систем. Од Републичката радиодифузна агенција беше побарано да ја заштити јавноста во Заечар и околината од можна инструментализација за било чија предизборна кампања.

business

Дел од новинарите ги критикуваат своите колеги дека чекаат политичарите да им сервираат теми, кои тие потоа ќе ги пренесат без дополнително да прашуваат

Новинарите и политичките кули и градови

Потпретседателот на Независното здружение на новинарите на Србија Драган Јањиќ укажува на фактот дека мнозинството медиуми во Србија на пасивен начин ја следи предизборната кампања, чекајќи политичките партии да им сервираат сопствена пропаганда, наместо да имаат активен пристап и да бараат од партиите да ги разјаснат кулите и градовите што им ги ветуваат на гласачите.

„Доколку некој каже дека ќе ги зголеми субвенциите за земјоделието за не знам колку проценти, тоа значи дека тој не ја зборува вистината, бидејќи тој мора да каже како мисли да го напумпа буџетот. Меѓутоа, никој тоа не ги прашува. Сите ветуваат: ’Да, ќе го зголемиме буџетот за земјоделието за двапати, трипати...’ Еве, јас имам идеја буџетот да биде 200 милијарди евра и мислам дека тогаш се’ ќе биде во ред“, нагласува Јањиќ.

Тој истакнува дека предизборниот период е идеална можност за политичките партии дополнително да извршат притисок врз медиумите и да ги цензурираат, пред се’ преку средствата кои по слободни проценки се уплаќаат преку општинските, покраинските и од републичкиот буџет. Новинарските и медиумски здруженија најавија дека ќе продолжат да работат на едуцирање на новинарите за следење на изборите и за борба против притисоците врз медиумите.