1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Допинг-контрола речиси нема

Недозволените стимулативни средства, најголемиот непријател на модерниот спорт, присутни се и во македонскиот спорт. Контролите се прават ретко, екстремно ретко!

default

Допинг-тестови се прават ретко

Љупчо Савевски, познат македонски ракометен тренер, за Дојче веле околу употребата на средства за допинг, вели:

„Користат врвни спортисти. Веројатно спортистот во моментот нема големи несакани последици од тоа, но кога тоа се случуваше со некои млади спортисти, за жал имавме два-три случаи кои починаа, сакајќи да постигнат

Ljupco Savevski

Љупчо Савевски

поголеми перформанси, на пример кревање товар во теретана и некои други работи, тоа доволно кажува дека со години се употребуваат кај нас.“

Доктор Зоран Ханџиски е дел од комисијата за допинг. На прашањето дали во македонскиот спорт се користат недозволени стимулативни средства, одговорот е потврден.

„Во Македонија има. Големата трагедија е тоа што речиси ние немаме допинг контрола. Иако информациите коишто ги имам се дека тоа се допинг средства што главно доаѓаат преку одредени фитнес клубови, коишто доаѓаат од Србија и од Бугарија, и тоа е нормален проток на допинг средства. Постојат во Македонија, но за да кажеме дека постојат ние мора да ги откриеме.“

Контроли не се прават поради тоа што чинат скапо?

Откривањето, сепак, тешко оди поради тоа што допинг контролите се многу ретки, вели доктор Ханџиски:

„Ние при Агенцијата за спорт и млади, значи под државата, имаме и агенција за допинг, во која јас сум член. Меѓутоа, таа агенција нема состаноци, немаме средби, немаме допинг контроли, единствено ако побара некој како на меѓународните турнири, како што е маратонот во Охрид, па мораме да се појавиме. Нема допинг контроли,

Zoran Handziski Arzt Mitglied der Anti-Doping-Komission in Mazedonien

Зоран Ханџиски

не се прават. Претпоставувам дека се во прашање парите бидејки една допинг контрола за само еден играч чини од 300 до 400 евра.“

Доктор Ханџиски смета дека недоволната едукација на сите во македонските спортски клубови само ја зголемува можноста за присуство на стимулансите. Дали токму од овие причини се смени текот на спортската кариера на еден од најталентираните фудбалски голмани во Македонија, Јорде Георгиевски? Тој е еден од неколкутемина спортисти казнети со суспензија поради позитивна допинг-контрола.

„Во тоа време настапував во Работнички Кометал. Имав проблеми со синуси, имав болки цела недела пред натпреварот со Беласица, кој го игравме во Струмица. Една недела пред тој натпревар од нашата клубска докторска екипа ни‘ беше укажано дека таму ќе има допинг контрола“, раскажува Георгиевски.

Поука и предупредување

На тој натпревар Георгиевски е еден од играчите врз кои е направена допинг-контролата со конечен позитивен

Jorde Georgievski Fußballwart aus Mazedonien

Јорде Георгиевски

допинг-тест, објавен после две недели. Тој тврди дека освен кусата болничка терапија, примената инфузија на клиниката во Скопје за лекување на синусите, не бил во контакт со никакви други средства. Многу тешко ја прима суспензијата, шестмесечното отсуство од спортот.

„Најодговорно тврдам дека јас во животот не сум земал нешто такво. Јас за тој лек „Салбутамол“, тој допинг што ми го нашле, не ни знаев дека постои, ниту дека постои такво име на лек. Подоцна дознав дека тоа е лек за асматичари, за отворање на дишните патишта. Не ми било потребно такво нешто.“

Приказна поучна и за спортистите и за клубовите и нивните раководства. Истовремено, слика тажна за институциите чија должност е да се борат со заканите по спортот и неговите протагонисти.

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска