1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Допинг- аларм за Олимпијадата во Сочи

Зимските олимписки игри во рускиот град Сочи започнаа. Непосредно пред отворањето се вклучи алармот во Светската антидопинг агенција. Се работи за нова и високо ефикасна супстанција, која очигледно лесно може да се купи.

На прикриен тим од германската телевизиска станица ВДР руски научник му понуди очигледно високоделотворни допинг-средства, кои по сѐ изгледа не можат да се докажат. Научникот работел за Руската академија на науките во Москва.

Германскиот телевизиски тим од ВДР го сврте вниманието кон рускиот експерт за биотехнологија уште пред четири години. Човекот е реномиран и држи предавања ширум светот, исто и во Германија. Во научни кругови тој говорел за развој на една молекула. Името и’ е комплицирано - „Full size MGF“. Целта е едноставна - допинг.

Луѓето од телевизискиот тим се претставиле како олимписки советници и тајно снимале. Тие се среќавале со научникот и очигледно се договариле за бизнис. Тој сакал да заработи 100.000 долари за 100 милиграми, а испораката би се направила пред почетокот на Олимпијадата. Притаените новинари добиле бесплатна проба од супстанцијата. Таа ја дадле на испитување во лабораторијата за допинг во Факултетот за физичка култура во Келн.

PWC Dopingkontrolle

Преку контроли на крв и урина и во Сочи ќе се проверува дали спортистите користеле допинг за освојување на врвни резултати

„Заклучивме дека ова е автентичен МГФ. Производот што им е понуден е присутен во овој препарат и тоа со висока чистота. Тој е сличен со ИГФ1 - еден продукт за раст на мускулите и за поттикнување на регенерација, кој е класифициран како високо ефикасен“, објаснува Марио Тевис, експерт за допинг во Факултетот за физичка култура во Келн.

Бидејќи супстанцијата е сосема нова, таа не може да се докаже. Таа досега е испитувана само врз животни. Експертите за допинг предупредуваат дека постои ризик таа да биде смртоносна за луѓето. Алармирана е и Светската антидопинг агенција во Канада.

„Ова е шокантно. Но, јас повеќе се шокирав од човечка гледна точка, бидејќи овие луѓе се нешто како лабораториски глувци. Сметам дека би биле наивни ако би верувале дека се чисти сите спортисти на Олимписките игри во Сочи“, смета Дејвид Хауман, генерален директор на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Лесно достапна, високо ефикасна и досега непотврдена супстанција - можен допинг во Сочи сега е уште полесен.