1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Допингуван велосипедизам

Поранешниот професионален велосипедист , член на германскиот тим Телеком Берт Диц ги потврди обвинувањата за допинг во оваа екипа . Во интервју за првиот канал на германската телевизија , тој призна дека и самиот употребувал допинг сретства.

default

Новите допинг-откритија ја потресоа велосипедската сцена . Поранешниот професионален велосипедист Берт Диц синоќа за првпат призна дека постоело допингување во неговиот тим Телеком:

“Фактички мене првпат во 1995 година повеќе или помалку ми беше понудена таа работа преку лекарите од Фрајбург” .

Со неговото признание Диц , кој беше член на екипата на Телеком од 1994-та до 1998-ма година тешко ги обвини лекарите од градот Фрајбург , Лотар Хајнрих и Андреас Шмид:

“ Лекарите кога беа на лице место , самите ги вбризгуваа медикаментите , сеедно какви беа тие, витамински шприцеви или други шприцеви. Кога не беа на лице место , тогаш тоа го правеа негувателите”

Слични обвинувања претходно веќе изнесе и масерот на тимот Д, Хонт. Белгијанецот изјави дека во тимот на Телеком интензивно се употребувало допинг сретството ЕПО за подобрување на перформансите на спортистите. Сомневање кои , како што вели 38 годишмниот Диц , брзо беше раводенето:

“Сомневањато веднаш беше поништувано со зборовите: Ние правиме контроли , правиме дополнителни прегледи , кои намалуваат или спречуваат определени ризици, кои се случуваат”

Диц кој својата активна кариера ја заврши во октомври 2000-та година , не гледал можност да се откаже од допинготн:

“Тие го нудеа тоа , но секако во една таква форма , така што секој знаеше : Доколку сега не го земам тоа , на крајот од годината ќе имам најслаби резултати во целиот тим , така што мојот договор нема да биде продолжен”

Обвинувањата се насочуваат и против Јан Улрих и поранешниот капитен на тимот Бјарне Риис , кој во тоа време истотака беше под договор во тимот во Бон . Во 1996 Данецот Риис победи на Тур де Франс а една година подоцна во најпрестижната велосипедска трка победи Улрих . Тој досега постојано ги отфрлаше сите обвиненија дека коористел допинг. Како реакција на обвинувањата за допинг преименуваниот тим Т Мобиле на крајот од сезоната ќе ја прекине соработката со Универзитетската клиника од Фрајбург . Соработката на екипата со двајцата обвинети лекару Хајнрих и Шмит е веќе завршена.

Поврзана содржина