1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Донесен законот за полиција

Законот за полиција е конечно усвоен. Покрај владиното мнозинство, во гласовите “за“ – вкупно 71, има и десетина гласови од опозицијата, од фракцијата на СДСМ на екс-премиерот, Владо Бучковски.

Бучковски гласаше “за“

Бучковски гласаше “за“

Пратеничката група на ЛДП и ДУИ го бојкотираа денешното гласање. Ермира Мехмети, портпарол на опозиционата ДУИ, вели:

“Мнозинството не беше заинтересирано да постигне широк консензус околу ова прашање, така како што беше сугерирано, меѓу другото, и од меѓународната заедница“.

Партискиот врв на ДУИ од претседателот, Бранко Црвенковски, веќе побара тој да не го потпише указот за стапување во сила на новиот закон за полиција. ДУИ најави дека градоначалниците од таа партија, а тие се во мнозинство во општините со доминантно албанско население, нема да ги почитуваат и применуваат новите одредби, особено околу изборот на регионалните началници на полицијата.

Едномесечната дебата ги подели и политичките фактори во албанскиот кампус. Пратениците Мендух Тачи (ДПА) и Влатко Ѓорчев (ВМРО – ДПМНЕ) со коментари:

“Од денеска станува јавно дека се раѓа нова коалиција, која јас би ја нарекол инаетчиска коалиција меѓу Али Ахмети, Радмила Шеќеринска и Бранко Црвенковски“, рече Тачи.

“Треба да ги почитуваме своите институции, треба да ги почитуваме законите кои што заеднички ги носиме и да градиме кохезија во општеството кое што треба да се приближи во ЕУ и НАТО“, смета Ѓорчев.

Промената во партиското расположение во СДСМ се одрази и при донесувањето на законот за полиција. Групата од најмалку 8-10 пратеници околу Бучковски беа “за“, а 15-тината други околу идниот лидер Шеќеринска, беа воздржани. Јани Макрадули одговара зошто:

“Не може со скокање и со кршење на деловникот во собранието да очекувате широка поддршка за законите. “

Владо Бучковски со став:

“Јас сум доследен на дадениот збор. Другите говореа за карактер, како треба да се однесуваме...Мислам дека Владо Бучковски вака ќе се однесува во иднина секогаш кога ќе смета дека тоа е добро за интересите на Република Македонија. “

Законот за полиција ќе се применува една година по неговото донесување. Меѓународната заедница ја тестира оваа влада – како и дали ќе постигне политички консензус околу неговата примена. По едномесечни бурни дебати беше решено дека за овој важен проект не е потребно Бадентеровото мнозинство, кое важи при донесувањето на законите со т.н. национален предзнак.