1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Донесен законот за лустрација

Македонскиот парламент, едногласно го донесе Законот за лустрација. Спроведувањето на лустрацијата треба да придонесе за развој на демократијата, владеењето на правото и заштитата на правата на граѓаните.

default

Кои се кодошите?

Со партиски и етнички консензус, што е речиси незабележано во последните неколку години, парламентот го усвои Законот за лустрација. Тој е инициран од најискусниот парламентарец, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, пред годинаипол. Со лустрацијата ќе се овозможи откривање или демистифицирање на јавните личности, кои тајно работеле за полициските центри на моќ во периодот од 1944 до моментот на донесување на законот.

Македонија е меѓу последните посткомунистички земји каде ќе се откријат кодошите и нивните жртви

Во текот на дебатата во парламентот, собранискиот спикер, Љубиша Георгиевски, со набој на емоции говореше за личните трауми на прогонетиот албански дисидент, правникот Шпетим Положани. Георгиевски го цитираше Положани со следните зборови: „Бев приморан три дена и три ноќи да стојам на нозе, бев врзан за радијатор, пцуен , понижуван и што не друго.„ Положани бил седум години малтретиран од тајната полиција во македонските затвори поради наводен албански национализам.

Се зборува и за судбината на претседателот на првиот президиум на поствоена Македонија, Методи Антонов Ченто. Ченто сакал Македонија да биде самостојна уште во 1945 година и оставил аманет, што во исповед за Ченто, го раскажа пратеничката Валентина Божиновска. Таа, цитирајќи го Ченто, рече: “Еден ден се надевам дека државата ќе узнае колку ја љубев Македонија. “

Што обврзува Законот за лустрација?

Со усвоениот закон за лустрација секоја политичка и јавна личност ќе мора да потпише изјава дека не била регрутирана доброволно или не била присилена да биде кодош за тајните полициски центри на моќ. Пратеникот и екс министер за полиција, Павле Трајанов, уште побара покрај соработниците на тајните служби, соодветна одговорност да сносат и нарачателите, односно лицата под чии наредби работеле тајните служби.

Опозицијата предупредува дека законот не смее да стане средство за политички пресметки

Иако опозицијата консенсуално го поддржа законот за лустрација, од нејзините редови стигна и предупредувањето дека законот не смее да стане стане оружје во нечии раце за пресметка со семејства и за стигматизација на личности.

Професиите од чии средини тајната полиција повеќе од пет децении регрутирала кодоши се – политичари, писатели, новинари, академици, професори, бизнисмени. Во околу 14 илјади досиеја се деградирани околу 50-тина илјади лица кои биле следени, малтретирани, затворани и убивани, кои биле идеолошки противници на поствоениот период и режим од 1944 година до денеска.