1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Донесен е пакетот мерки за поттик на европската економија

ЕК донесе пакет мерки за заживување на економијата. Тој тежи 200 милијарди евра, или околу 1,5% од вкупниот европски бруто социјален производ. Што треба да се направи за на стопанството да му тргне на подобро?

default

Жозе Мануел Барозо е убеден дека пакетот мерки на ЕК е реален

Европската комисија предлага различни можности за заживување на конјуктурата во земјите членки на унијата. Меѓу нив, на пример, се државни инвестиции во инфраструктурата и заштитата на животната средина, како и зголемување на социјалната помош, намалување на издатоците на платите и привремено намалување на данокот на додадена вредност.

Секој си бира што му одговара

Секоја влада, од вака предложениот пакет мерки, треба да си одбере што и‘ одговара и за што е убедена дека ќе му чини добро на домашното стопанство. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барoзо, претставувајќи ја конјуктурната програма, изјави дека во 27-те земји членки има различни ситуации и дека на кризата треба да се реагира на координиран, а не на униформиран начин.

„Координирана европска акција може и има влијание какво што националните акции сами не можат да имаат и нема да имаат. Координираната европска акција прави разлика“, рече Барозо во Брисел.

Европскиот пакт за стабилност и економски пораст, кој што го ограничува дефицитот што секоја држава одделно смее да го има, треба да остане и натаму на сила, но ЕК нагласува дека доколку некоја земја, во сузбивањето на

Dossierbild Finanzkrise 2

економската и финансиската криза, ги пречекори поставените граници, тогаш треба да добие повеќе време за да ги доведе во ред своите финансии.

Реален пакет мерки кој може да донесе промени

Претседателот на Европската комисија, Барозо оценува дека програмата на унијата за заживување на конјуктурата е голем и храбар план. „Пакетот мерки базира врз паметни инвестиции сега и во иднина. Тој базира врз инвестиции во луѓето и во бизнисот, инвестиции во енергетскиот сектор, инфраструктурата, меѓусебната поврзаност, иновациите и еколошки технологии. Она што денеска е физички стимул на кратки патеки, е исто така и платформа за одржлив развој и отворање работни места во иднина“, убеден е Барозо.

Конјуктурниот пакет тежи 200 милијарди евра - 170 милијарди треба да дојдат од земјите членки на унијата, а 30 милијарди ќе бидат ставени на располагање од заедничкиот буџет и од Европската инвестициона банка. Според Барозо, износот од 200 милијарди евра е реален и е износ кој навистина може нешто да покрене и промени.