1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Донесена резолуцијата за Дарфур

Советот за безбедност на ОН ќе преземе контрола врз сините шлемови кои се распоредени во Дарфур. Со резолуцијата донесена вчера во Советот за безбедност, силите кои сега се предводени од Африканската унија, треба да бидат финансиски и персонално подобро опремени. Сега е потребна согласност и од страна на владата на Судан, која инаку, ја отфрли резолуцијата, нарекувајќи ја илегална. Резолуцијата,имено,

Бегалски камп во Дарфур

Бегалски камп во Дарфур

�еше донесена со 12 гласа спрема нула, но воздржани беа Кина, Русија и Катар.

Советот за безбедност и даде на мисијата на ОН во Судан робустен мандат и предвидено е зголемување на силите на 17 300 војници. Кон тоа ќе се приклучат и 3 300 полицајци. На тој начин, седумте илјади војници на Африканската унија кои беа досега распоредени во Судан, но не можеа да сторат ништо, ќе бидат ослободени од задачите. Кина, Русија и Катар не гласаа за резолуцијата на ОН, но и не ја блокираа. Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон, е задоволен: “Се радуваме поради донесувањето на резолуцијата. Тоа е важно решение поради заканата за мирот и безбедноста која е настаната поради ситуацијата во Судан. Сега ќе се концентрираме на спроведување на резолуцијата. “

Владата во Картум сака самата да се грижи за редот и мирот. А, нејзината согласност е неопходна за резолуцијата да биде воопшто спроведена во пракса. Тоа е и причината за воздржаноста на Кина, вели амбасадорот на таа земја во ОН, Ванг Гуангија: “Во моментот сеуште има разлики во рамки на Советот за безбедност и со владата во Судан и затоа ни е потребно време.“

Претседавачот на Советот за безбедност, Нана Ефах-Апентенг, смета дека донесувањето на резолуцијата е важен прв чекор кон мир во регионот: “Да му оставиме на Судан време да реагира. Но, ако ништо не се измени, мора да размислиме како ние ќе реагираме. “