1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Донаторска конференција

Со драматичен апел на претседателот на ИндонезијаСусуилио Јудхојоно до светската јавност, денеска во Џакарта започна донаторскиот самит на високи државни и на претставници на меѓународни организации на кој треба да бидат разгледани мерките за итна и долгорочна помош на регионите погодени од катастрофата во Јужна Азија. Конференцијата се одржува по иницијатива на азиската групација држави АСЕАН.

Кофи Анан им се обраќа на присутните на самитот во Џакарта

Кофи Анан им се обраќа на присутните на самитот во Џакарта

Индонезискиот претседател рече дека станува збор за “катастрофа на векот“ и го повика светот на најголема акција за помош на сите времиња. Одговорот мора да биде подеднакво без пример, каква што беше и природната несреќа. Индонезија, изјави Јудхојоно, не може сама да ја совлада обновата. Скоро со истата драматичност ситуацијата ја гледа и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан. Меѓународната заедница има обврска кон преживеаните да предупреди нов смртоносен бран чии причини овојпат можат да се спречат:

“Верувам дека сите претседатели на држави или влади што се овде се длабоко погодени и дека радо ќе дадат придонес за да им се помогне на оние што се во неволја и за да може да се обнови разурнатото“.

Анан побара 977 милиони долари итна помош за да можат да бидат обезбедени петте милиони преживеани од цунами, но и за наредните шест месеци.

Стана збор и за опасноста од нови цунами во регионот. Индонезискиот претседател Јудхојоно пледираше непосредно по конфренеицјата да започне изградба на систем за предупредување од цунами во Индискиот Океан.

Досега Обединетите нации сметаат дека загинаа 145 илјади луѓе, но на маргините на конференцијата се разговара и за можноста тој број да биде уште поголем, зашто има региони како Аче и северот од Суматра до кои не се стигнало. Конференцијата ќе трае само денеска. 26 држави присуствуваат на покана од групацијата АСЕАН на договор за координација на ветената помош од целиот свет, како и за долгорочни мерки. Европската комисија ја застапува нејзиниот претседател Жозе Барозо кој најави помош од Европската унија од 450 милиони евра. На вонредната средба во наредната недела во Женева, Европската унија ќе се договори и за натамошната помош на погодените региони.