Донаторите во Париз ги одврза кесињата за Либан | Свет | DW | 25.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Донаторите во Париз ги одврза кесињата за Либан

Високи претставници на над 40 земји и меѓународни организации се дојдени во Париз на донаторска конференцијата за Либан. Целта на дводневниот собир е да се соберат средства за обнова на земјата разурната од минатогодишниот конфликт со Израел. Либанскиот премиер Синиора се надева дека со големата финансиска поддршка од западот ќе може да се стабилизира ситуацијата во земјата. Се очекува да бидат собрани н

Либан мора да се обнови

Либан мора да се обнови

�јмалку 4 милијарди долари.

Либан побара од меѓународната заедница финасиска помош за да може да го заживее многу задолженото стопанство и да помогне во обновата на земјата по минатогодишната војна меѓу Израел и Хезболах. Либанскиот премиерот Синиора во ображањето изјави:

“Големината на помошта, без разлика колкава е, е многу поважна во однос на цената ако не му се помогне на Либан”.

Францускиот претседател Жак Ширак кој денеска во Париз ја отвори дводневната донаторска конференција изјави дека на Либан му е потребна огромна помош за да може да ги надмине економските проблеми по “жестокиот конфликт” од минатата година.

Конференцијата се случува два дена по еден од најтешките улични насилства во последниве години во Либан, во кои загинаа три лица, а над сто беа повредени за време на генералниот штрајк којшто го организираше опозицијата предводена од радикалниот Хезболах.

Шиитската групација денеска го обвини премиерот Синиора дека седи во џебот на Западот, а либанскиот опозициски весник “ал Акбар” пишува дека париската конференција е организирана за да и помогне на владата, а не на земјата.

САД, Франција и ЕУ ветија помош и кредити во висина од две милијарди долари. Евродипломатот Хавиер Солана изјави:

“Нема сомневање дека конференција на која се бараат средства за реконструкција на земјата,а кое истовремено значи и политичка поддршка за луѓето и владата во Либан е она што сакаме да го направиме овде. Се надевам дека така и ќе биде”, рече Солана.

Но, француските дипломати стравуваат дека останатите држави би можеле да се воздржат од донации поради стравот од внатрелибанските политички судири.

Организаторите на конференцијата очекуваат дека ќе се соберат најмалку 4 милијарди долари помош.

“Солидарноста ќе му помогне на Либан да си ја поврати единствената улога на поврзувач на културите и народите, отколку да биде воено поле. ”

Покрај барањето за финансиска помош, премиерот Синиора во Париз треба да го претстави и планот за долгорочни реформи во земјата со кој треба да се стабилизира ситуацијата и да се развие економијата.

На конференцијата во Париз се собрани високи претставници на над 40 земји и меѓународни организации. Меѓу нив се и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и шефот на американската дипломатија Кондолиза Рајс.