1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Доминација на фаворитите

Петтото коло во Бундеслигата - речиси без изненадувања. Хамбургер и Леверкузен го бележат најдобриот старт на сезоната во клупската историја. Баерн Минхен се враќа играчки и резултатски. Шампионот Волфсбург пак поразен.

default

Хрватот, Младен Петриќ- стрелец на првиот гол за Хамбургер во победата против Штутгарт со 3:1

Eкипата на Хамбургер успешно го одбрани водството на табелата по петтото коло во Бундеслигата. Се’ уште непоразената екипа на домашен терен го совлада Штутгарт со 3:1 и со тоа го оствари најдобриот старт на сезоната во 46-годишното играње во Бундеслигата.

„Јасно, по пет кола табелата никогаш досега не говорела толку јасно за нашиот успех, но добро е и што играме убав фудбал. И мислам дека ако продолжиме вака, можеме со сигурност да останеме високо на табелата подолго време“, изјави стрелецот на првиот гол за Хамбургер, хрватскиот репрезентативец Младен Петриќ.

Bundesliga 5. Spieltag Simon Rolfes Flash-Galerie

Сцена од мечот Волфсбург- Леверкузен (2:3)

Штутгарт, од друга страна, трет натпревар во ред е без победа.

Шампионот со трет пораз по ред

Баерн од Минхен очигледно го остава зад себе лошиот играчки и резултатски период. Со триумфот од 5:1 на гости кај Борусија од Дортмунд, Бајерн се вклучи во ловот на водечката позиција. Минхенчани, притоа, успеаја да се вратат од негатива и особено во второто полувреме со нововлезениот Франк Рибери, да направат пресврт. Тренерот Луи ван Хал, меѓутоа, не беше докрај задоволен:

„Сметам дека лошо започнавме. Но, по изедначувачкиот гол се вративме во игра и сметам дека во второто полувреме разликата ја направија индивидуалните квалитети на мојата екипа.“

Наспроти тоа, актуелниот шампион Волфсбург на почетокот на сезонава не е во форма. Саботниот пораз на домашен терен од Бајер Леверкузан со 2:3 беше трет во серија за „Волците“ со што тие паднаа уште подолу на табелата. Поради еден спорен црвен картон за голманот Диего Бенаљо, Волфсбург не ја славеше посакуваната победа во генералната проба за дебито во Лигата на шампионите неделава. Од друга страна, Леверкузен слично како и Хембургер, го игра најдобриот почеток на сезоната во клупската историја и се зацврсти на второто место со ист број бодови како Хамбургер. Меѓутоа, тренерот Јуп Хајнкес скромно изјави:

„Противникот стави се’ на една карта. Извршија притисок и не‘ принудија на грешки. Морам да кажам дека на крајот бевме нормално среќно што победивме со 3:2.“

Fußball Bundesliga FC Köln - Schalke 04

Сцена од мечот Келн- Шалке ( 1:2)

Во ова коло победи забележаа и екипите на Ајнтрахт од Франкфурт и на Мајнц, во кои во одбраната настапија македонските репрезентативци Александар Васовски и Николче Новевски.

Франкфурт беше подобар на гостински терен против Фрајбург со 2:0 и со оваа втора победа во сезоната се искачи во горниот дел на табелата. Во останатите три кола Ајнтрахт играше нерешено.

„Можеме да бидеме многу задоволни, што досега имаме освоено девет бодови и што стартот на сезоната испадна добар. И би било убаво кога би можеле и во наредниот натпревар на домашен терен повторно да се претставиме во вакво светло“ , истакна тренерот на Ајнтрахт, Михаел Скибе. Екипата на Новевски, Мајнц, пак, успеа да направи пресврт на домашен терен против Херта од Берлин, со головите постигнати во последните 15 минути за победа од 2:1.

Хофенхајм повторно „везе“

Екипата на Хофенхајм, која во минатиот есенски дел на сезоната играше брилијантно, особено во нападот, повторно се враќа на старите патеки. Со победата од 3:0 против Бохум, тимот на тренерот Ралф Рањик се искачи во горниот дел на табелата:

„Тоа беше навистина добра игра од наша страна. Во текот на речиси сите 90 минути ги спроведовме сите работи што ги планиравме. Сега мора да видиме дали наредната недела во Менхенгладбах ќе се надоврземе на денешното остварување“, изјави Рањик по мечот.

Fußball Bundesliga 5. Spieltag: Ribery van Gaal Flash-Galerie

Франк Рибери (Бајерн Минхен) го прославува голот против Борусија Дортмунд со тренерот Луи ван Хал

А Борусија Менхенгладбах во петтото коло, иако играше подобро во голем дел од натпреварот загуби на гости во Нирнберг. Голот за Нирнберг во почетната фаза на натпреварот го постигна поранешниот играч на Борусија Пер Клуге.

Екипата на Шалке 04, пак, успеа да направи скок до третото место на табелата. Во вчерашниот натпревар во Келн, тимот на тренерот Феликс Магат ја совлада домашната екипа со 2:1. За последниот на табелата, Келн, ова беше четвртиот пораз во петтиот натпревар сезонава. Келн играше за нијанса подобро, но не успеа да изедначи. Тренерот на Шалке, Магат на крајот беше задоволен: „Кога на противнички терен рано во второто полувреме се води со еден гол разлика, јасно е дека домашната екипа уште еднаш ќе изврши притисок. Но, сметам дека сосема солидно се браневме. Јас сум задоволен што можеби среќно, но сепак победивме.“

Во другиот вчерашен натпревар, екипата на Вердер од Бремен не успеа да поентира на домашен терен и да фати приклучок со екипите на врвот на табелата. Таканареченото „северно“ дерби против Хановер, заврши без голови и играчите на Вердер беа испратени со свирежи во соблекувалните. За Хановер овие 0:0 во Бремен беа повеќе од успех.

Автор: Кале Копс / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска