1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Доминација на Русите, надеж за германската атлетика

Без европски, а да не говориме за светски рекорд. ЕП во атлетика донесе многу возбудувања, но покажа дека Европејците со ретки исклучоци се далеку од светската атлетска класа на Американците, или на Африканците.

default

На Европското првенство во атлетика во Барселона, најуспешна нација очекувано беше Русија. Велика Британија и Франција доминираат во Западна Европа, а настапот на германските атлетичари дава надеж.

На вчерашниот 901.08.) последен ден од шампионатот на стадионот Монжуик, Германците, слично како и во саботата (31.07.), освоија цела редица медали. Кристијан Рајф освои злато во скок во далечина. Целосно неочекувано Рајф скокна 8,47 сантиметри, што е само за 7 сантиметри помалку од 30 години стариот германски рекорд на Луц Домбровски.

Аријане Фридрих задоволна со бронза

Spanien Leichtathletik Europameisterschaft 2010

Кристијан Рајф скокна 8,47 метри

Рајф на крајот имаше проблеми да верува во постигнатиот успех:

„Искрено кажано, не. Значи јас знам дека прескокнав 8,47 и дека сега земав златен медал, но не можам вистински да поверувам во тоа и сметам дека така ќе биде уште некој ден.“

Вчера сребрен медал освои фрлачот на диск Робарт Хартинг и изненадувачки и германската женска штафета на 4 х 400 метри. Бронзен медал, пак, освои машката штафета на 4 х 100 метри како и скокачката во височина Ариане Фридрих со прескокнати 2 метри и еден сантиметар. Запрашана дали е задоволна од настапот во Барселона, Фридрих, која во последно време секогаш е кандидат за злато на врвните натпреварувања истакна:

„Всушност, да. Денеска беше навистина напорно и јас од моја гледна точка скокав технички многу добро. Всушност, можев да ја скокнам височината од 2,01 во првиот обид и тогаш ќе освоев сребро“,

Очекувањата на Германија надминати

Verena Sailer

Германска ѕвезда на првенството: Верена Зајлер победи на трката на 100 метри

Севкупно, германските атлетичари во Барселона освоија 16 медали (4 златни, 6 сребрени и 6 бронзени) и со тоа значително го натфрлија билансот од последното ЕП во Гетеборг со 10 освоени медали. Иако на почетокот на овој шампионат изгледаше дека германската атлетика стои пред неуспех по слабите настапи на некои фаворити за медали, како фрлачката во диск Надин Милер и фрлачите на кладиво, сепак во четвртокот, се случи преврт со двојното злато за само пет минути на фрлачката на копје Линда Штал и спринтерката Верена Зајлер на трката на 100 метри. Значи може да се извлече позитивен биланс за германската атлетика од ЕП во Шпанија со оглед дека медали не освојуваа како во последно време само натпреварувачите во фрлачки дисциплини, туку и спринтерите, тркачите и скокачите.

„Нашите очекувања се надминати. Споредено со последото европско првенство се подобривме за шест медали. А притоа имавме и некои остварувања од светска класа. Имаме нови млади атлетичари, кои се етаблираа во светскиот врв. Ова беше извонреден настан“, коментираше на крајот на првенството претседателот на Германскиот атлетски сојуз Клеменс Прокоп.

На атлетиката и‘ треба нова стратегија за освојување на публиката

EM Leichtathletik in Spanien

Но, и покрај сите успеси во Барселона, на германската атлетика и‘ недостига уште многу до самиот светски врв. Имено во Барселона понекогаш се стекнуваше впечаток дека се присуствува на руско национално првенство со странски гости. Од западните Европејци, Британците и Франузите стојат далеку подобро од Германците. Кога станува збор за Британците тоа никого не го зачуди со оглед дека буџетот за атлетика е шесткратно зголемен во пресрет на Олимписките игри во Лондон во 2012. Подемот на Французите, пак, ги изненади и самите експерти. Меѓутоа, речиси сите Европејци, со мали исклучоци, останаа далеку зад светското ниво на Американците, или на Африканците. На првенството во Барселона не беше постигнат ниту еден европски, или пак светски рекорд. Тоа е можеби една, но не и главна причина зошто првенството во Барселона беше слабо посетено. Ако атлетиката во иднина сака да држи чекор со другите спортови во освојувањето на публиката, потребни се многу промени.

Автор: Волфганг ван Кан / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска