1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дома е најдобро!

Германците сакаат да летуваат дома. Минатата година дури 20 милиони од нив летувале во одморалиштата во Германија. Најпопуларни туристички дестинации во странство се Шпанија, Италија и Австрија.

default

Во 2008 година, околу 20 милиони Германци туристички посетиле некое летувалиште во својата земја, а околу 8,3 милиони отпатувале во Шпанија, вели директорката на Здружението на германски туроператори, Клаудија Гилес. Тоа се двете најомилени земји на германските туристи. Минатата година беше најдобра во историјата на германската туристичка индустрија. Регистрирани се дури 370 милиони ноќевања. Така, Германија, по бројот на ноќевањата, го зазеде второто место на европската ранг листа, веднаш зад Шпанија.

Во летната сезона 2009, германските туристи интензивно ги резервираат „фамилијарните“ аранжмани во хотелите и приватните апартмани. Засега не се чувствуваат последиците од рецесијата. Браншата, сепак, се пребројува бидејки, поради кризата на стопанството, и тука наесен, или во текот на зимата, би можела да настане криза. Тогаш Германците би се откажале од традиционалните есенски или зимски патувања.

Африка продолжува да привлекува туристи

Botswana: Elefanten im Chobe-Nationalpark

Боцвана, Јужна Африка

Според податоците на Обединетите нации, на глобалниот туристички пазар и тоа како се чувствуваат последиците на рецесијата и свинскиот грип. Во првиот квартал на 2009 година, прометот во туристичката бранша во светот опадна за осум отсто. Меѓу јануари и април 2009 година, 247 милиони луѓе биле на некое туристичко патување, известува Светската туристичка организација. Во истиот период, една година порано, регистрирани се 269 милиони патувања.

Најголем пад на туристичкиот промет бележи Европа (-10%), азиско-пацифичкото подрачје (- 6%) и американскиот континент (- 5%). Единствено Африка има регистрирано повеќе туристи од 2008 година: пораст за 3 проценти. Во цела 2009 година, Светската туристичка организација очекува пад на прометот во туризмот во светот за околу 4 до 6 отсто. Главните причини се лошата економска ситуација и свинскиот грип.

Автор: АА/АТ/ДПА/СМА

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска