1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Домаќинско или расипничко трошење

Дали буџетот на Македонија за 2010 е реален и развоен или штетен и расипнички е клучната дилема околу која во Парламентот се кршат копјата на првиот ден (22.12.2009) од расправата за буџетот за в година.

default

Колку пари ќе троши државата

Со класичен опозициски арсенал пратениците кои не припаѓаат на парламентарното мнозинство се нафрлија врз предлог-буџетот за 2010. Окупациска влада, расипнички буџет, колонијална сила што ги цеди своите граѓани и фирми, беа дел од кфалификациите на адреса на владиониот предлог буџет за идната година. Власта се бранеше со ставот дека предлага реален и развоен буџет што ќе овозможи прво стабилизација во пост- кризниот период и раст на економијата. Во него клучно е намалувањето на нивото на јавна потрошувачка, пред се‘ скусувањето на непродуктивните трошења, рече министерот за финансии Зоран Ставревски во воведното експозе.

“Кај платите буџетот предвидува намалување од 2,8 проценти во однос на 2009 или за 649 милиони денари. Кај стоките и услугите, кои што се обично квалификувани како најнепродуктивен дел од трошоците, имаме сериозно намалување од 9, 8 проценти или за милијарда и 876 милиони денари во однос на 2009“, објасни ресорниот министер.

Опозициски бараж

Опозицијата настапи со бројни и остри критики. Игор Ивановски од СДСМ направи паралела меѓу власта и буџетот за наредната година.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Жестоки вербални престрелки во парламентот

“Во обидот да дадам најобјективен пресек на овој буџет ќе кажам дека: каква влада-таков буџет, расипничка, неспособна- штетен буџет. Или со скопскиот речник: тропа влада, тропа буџет“, вели Ивановски. Јован Манасиевски од ЛДП критикува:

“Г не министре, вашата влада се однесува како вие да сте некоја колонијална окупациска сила во Македонија па земате колку што може повеќе да се земе од секој граѓанин и од секоја фирма.“

Во жестотката дебата следуваа реплика и контра реплика од двете страни во обид на граѓаните да им се докаже цврстината на сопствените аргументи.

Во предлог-буџетот за 2010 е предвидено државната каса да тежи вкупно 2, 5 милијарди евра. Се прогнозира раст на економијата за 2 процента, исто колку што ќе изнесува и инфлацијата. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,5 отсто од бруто домашниот производ.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска