1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дол: Македонија не смее да биде заложник на спорот за името

Ние не можеме да го блокираме влезот на Македонија во ЕУ само поради прашањето за името, изјави францускиот европратеник Жозеп Дол, претседател на Групата на Народните партии во Европскиот парламент.

default

Во говорот на Генералното собрание на Меѓународната паневропска унија во Стразбур оваа изјава на Дол беше поздравена со долг аплауз од учесниците на Собранието. Претходниот говорник беше македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Учеството и говорот на шефот на македонската дипломатија на Генералното собрание на Меѓународната паневропска унија, што се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, е симболично. Оваа организација се залага за целосно обединување на Европа, во чии рамки е и местото на Република Македонија.

Во обраќањето Попоски уште еднаш ја реафирмира заложбата на Македонија да стане дел од европското семејство што поскоро.

Во тој контекст тој информира за напредокот на Република Македонија во исполнувањето на политичките и економските критериуми, усогласувањето на македонското законодавство со европското, како и подготвеноста на институциите да го следат европскиот терк на работа и дејствување.

Во врска со принципот за остварување на добрососедски односи, Попоски информира дека на Македонија и‘ престои уште еден мандат, од јуни 2012-та до јуни 2013-та за претседавање со Процесот за соработка со земјите од Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) - иницијатива која од самото основање резултира со успешна регионална соработка во областа на трговијата, енергетиката, воздухопловството.

Затоа Попоски, пред учесниците на Меѓународната паневропска унија, безрезервно повика да не се запре со европските интеграции се‘ додека Европа не биде целосна и обединета.

На Генералното Собрание на Паневропската унија учествува и македонскиот парламентарец Антонио Милошоски, поранешниот македонски министер за надворешни работи.

Меѓународната паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги. Нејзините членови се стремат кон политички, економски и воено обединета Европа како заедница на мир, закони и слобода. Годинава таа ја одбележува 90-годишнината од нејзиното основање.