1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Должничката криза ја кочи германската економија

Должничката криза во Европа и САД во наредната година значително ќе го закочи германското стопанство, оценуваат водечките економски институти во Германија. Во 2012 година брутодомашниот производ ќе се зголеми само 0,8%.

default

По речиси трите проценти зголемување на брутодомашниот производ оваа година, наредната 2012-та ќе биде „посна“. Во својата есенска прогноза, водечките економски институти во земјата, предвидуваат дека опаѓањето ќе се почувствува веќе во последниот квартал од годинава. Истражувачите оценуваат дека рецесија сепак нема да се случи, затоа што веќе во првиот квартал од 2012 година ќе има благ пораст на БДП. Една земја е во рецесија доколку два квартали едно по друго бележи пад на брутодомашниот производ.

Истражувачите предупредуваат дека изгледите за светската економија се исто така значително влошени. Несигурноста во која се наоѓаат претпријатијата во

Euro am Abgrund

Според научниците, актуелната должничка криза се заканува да прерасне во банкарска криза

земјата и потрошувачите е причина за помала потрошувачка. Порастот во наредната година не може да се потпре толку многу ниту на извозот, затоа што поради светската криза, побарувачката на германски производи во светот исто така ќе биде намалена.

Според научниците, актуелната должничка криза се заканува да прерасне во банкарска криза. Институтите сметаат дека ќе биде неопходно реструктуирање на долгот на Грција, што нема да доведе до колапс на банкарскиот систем во Германија, но може да има „заразни ефекти“ во делови од финансискиот систем. Со тоа би се зголемила опасноста од тоа германските претпријатија да доаѓаат потешко до пари, што би спречило пораст и, во најлош случај, би можело да доведе до рецесија во земјата. Досегашните мерки на евро-државите во борбата против должничката криза доведоа до „кусорочно смирување, но не ги решија приоблемите“, критикува Роланд Дерн од Рајнско-вестфалскиот инстут за економски истражувања во Есен.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: А.Трајковска