1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долг е патот од примирје до траен мир

Оружјето на Блискиот исток од утринава молчи, но долг е патот од примирје до траен мир, смета Петер Филип во следниот коментар

Израелските тенкови се враќаат дома

Израелските тенкови се враќаат дома

На Советот за безбедност на ОН му успеа да ја пронајде формулата за запирање на борбите во Либан. Оружјето замолче. Но, само кога се би било така едноставно, како што не е. Резолуцијата 1701 не е првата резолуција на ОН за Блискиот исток, која буди, но не ги исполнува надежите и очекувањата. Нивната неимплементација не е дека ОН не се потрудиле. Да се посредува во договор за прекин на борбите е многу покомпликувано отколку во други кризни ситуации. Но, овојпат не се работи за војна меѓу две држави и нивните армии, туку за еден асиметричен конфликт, кој на некој начин ја замени традиционалната војна. Успехот или неуспехот на резолуцијата на ОН не зависи од добрата воља на членките на СБ, туку само од завојуваните страни. А тие увидоа дека вака повеќе не може.

Израелската влада, додуша тоа не го признава отворено. Но, таа во меѓувреме сигурно сфати дека влезе во воена авантура од која не може да излезе како победник. Дури и најсилната војска е немоќна против добро вооружените и добро мотивирани герилци на Хезболах. Би било лудост да се помисли дека Хезболах би можел да се совлада со воздушни напади и да се протера од југот на Либан. Освен тоа во израелската офанзива настрадаа многу цивили и инфраструктура и таа ги уништи ионака малите симпатии кон Израел кои ги имаше во Либан.

На меѓународен план ситуацијата не е многу променета. Израел постојано се жали дека медиумите известуваат еднострано и дека во прв план се става страдањето на либанскиот народ, но не и на израелскиот. Тоа можеби и беше така бидејќи страдањето на еден народ беше предизвикана од офанзива на една држава, која неодамна тврдеше дека нејзината армија има највисок морал во светот.

Но, и Хезболах почна да увидува дека не може долго време да парира во оваа војна. Тие додуша ги изненадија сите, па и Израелците со жилавиот отпор кој го пружија и со издржливоста. Но, со тек на времето и тие не би ги издржале израелските напади, кои би продолжиле без оглед на се, и Либан би се претворил во прав и пепел. Хезболах ја сноси одговорноста за тоа што Либан повторно беше вовлечен во војна. Ако таа продолжеше и Хезболах ќе ги загубеше симпатиите во Либан.

Долг е патот од примирје до траен мир. Ќе поминат недели додека израелската војска на југот на Либан не ја заменат либанските и меѓународните мировни трупи. До тогаш израелските војници ќе останат на своите позиции, а Хезболах нема да се сложи да го положи оружјето.