1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Долг е патот до победата над тероризмот

Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот авганистански колега Хамид Карзаи очекуваат долга борба против радикално исламистичките Талибанци во Авганистан,изјавија по средбата во Кепм Дејвид

default

Хамид Карзаи се школуваше на американските универзитети и има добри врски со земјата и со луѓето таму.Никакво чудо што тој во 2001 година беше човек на Вашингтон кога се работеше за избор на претседател на Авганистан по симнувањето на талибанскиот режим од власт.

Ни сега нема голема промена во пријателството кон него,а тој се заблагодари за помошта од Американците во ослободувањето и стабилизирањето на Авганистан.Навистина,веќе долго се известува дека растечкиот број цивилни жртви при американските напади против Ал Каеда и Талибанците води кон отпор и омраза кај народот кон ослободителите,но Карзаи во разговорите со Буш во четири очи објаснил:

„Ме радува што можам да ви кажам дека авганистанскиот народ ве нарекува сојузник во борбата против тероризмот и пријател,а дека е погоден од големиот број цивилни жртви,јас сум задоволен од ваков редослед на работите.

Виновни се Талибанците

И претседателот Буш пред новинарите не ја заобиколи темата:

„Прво,целосно ги разбирам стравот и грижите на авганистанските граѓани кога гинат недолжни луѓе.Го разбирам народот и неговиот претседател дека прават се за да ги заштитат недолжните.При нашите воени операции ние размислуваме дека во опасност се доведуваат и невини,но Талибанците се тие кои се опкружуваат со недолжни луѓе како со штитови,тие се ладнокрвни убијци кои немаат обзири кон човечките животи.“

Според Буш,Авганистан и светот стојат пред овој предизвик,мора и понатаму да се води борба.

Авганистанскиот претседател разговарал со своите колеги по функција од Пакистан за соработка на заедничката граница против терористите,договорено е советување-Џирга.

Иран треба да ја докаже добрата намера

И на крајот,клучното прашање за Џорџ Буш,дали го дели мислењето на својот гостин Карзаи-дека Иран може да помогне во победувањето на Ал Каеда.Џорџ Буш подголтна и потоа рече:

„Се работи за влада која сака да произведе атомска бомба.Истовремено на својот народ не му дава да го заземе местото во светот.Претседателот Карзаи најдобро знае што се случува во негоавта земја,јас сум подготвен да сослушам.Од мое гледиште иранската влада треба најпрво да докаже дека претставува позитивна сила.“