1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Долгорочна помош од Германија

Германија ќе донира 500 милиони евра за обновата на погодените земји од Јужна Азија со што се нареди во врвот на земјите донатори. Германскиот канцелар Герхард Шредер по вонредната седница на кабинетот вчера соопшти дека парите ќе бидат искористени во наредните три до пет години:

Шредер и Фишер на прес-конференцијата: владата донира 500 милиони евра

Шредер и Фишер на прес-конференцијата: владата донира 500 милиони евра

“Кабинетот реши да стави на располагање 500 милиони евра“.

Канцеларот изјави дека првите 20 милиони евра беа за итна помош. Тоа е важно, но не и доволно. 500-тините милиони се наменети за долгорочни проекти за обнова на погодените земји. За што конкретно не соопштија ниту Шредер, ниту министерот за надворешни работи Јошка Фишер. Шредер само дополни:

“Деталите ќе бидат разгледани откако ќе биде појасно за што ќе се договорат Европската унија, Парискиот клуб и Групата 7. Мислам дека е прерано да се кажува за што ќе бидат искористени овие средства“.

Во секој случај, тежиштата треба да бидат кон прочистување на водата, здравството, обновата на училиштата и за изградба на ситем за навремено предупредување.

Министерот Фишер рече дека секоја земја, со оглед на димензиите на катастрофата, мора да го даде она што е во состојба да го даде:

“Тоа е огромна катастрофа за регионот, но да не заборавиме дека со оглед на претпоставените загинати и трауматизацијата дека тоа е и европска и германска катастрофа“.

Обајцата упатија посебни пофалби на огромната готовност за донирање на греманските граѓани. Таква готовност за помош е единствена во светот, на што сум горд, изјави канцеларот Шредер.

Поврзана содржина