1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долгогодишни затворски казни во случајот „Ергенекон“

Во процесот против наводната мрежа за спроведување пуч во Турција „Ергенекон“ паднаа затворски и ослободителни пресуди. Турскиот суд треба да им пресуди на повеќе од 270 обвинети. Пред судот има протести.

Турскиот суд денеска (05.08) пресуди доживотна затворска казна за поранешниот шеф на турскиот генералштаб Илкер Башбуг како и долгогодишни затворски казни за наводните членови на таен сојуз, кој имал планови за пуч против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Поранешен полковник денеска е осуден на 47 години затвор. Други поранешни воени лица добија затворски казни до 20 години, јавуваат турските медиуми. 21 од 275 обвинети, меѓу нив воени лица, новинари и академици се ослободени.

Тајниот сојуз наречен „Ергенекон“ се обвинува дека планирал наводно насилно соборување на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Опозицијата ја обвинува пак владата дека го злоупотребува случајот за пресметка со политичките противници.

Ergenekon Türkei Soldaten Demonstranten

Протести во Силиври

Процесот во судот во високо обезбедуваниот затвор Силиври (на насловната фотографија) западно од Истанбул се одржува под високи безбедносни мерки. Турските медиуми информираат дека полицијата во околината на судот употребила солзавец против демонстрантите, кои дошле таму и покрај забраната за собири. Силите за безбедност целосно ги затворија пристапните патишта кон Силиври. Воен хиликоптер го надлетува регионот. Властите го затворија воздушниот простор над Силиври до денеска вечер. 

Турското државно обвинителство ја смета ултранационалистичката илегална група „Ергенекон“ за терористичко здружение. Оваа организација, според обвинувањата, се залагала за повторно воспотавување на големотурското царство. Името „Ергенекон“ е според долината од легендите, каде турските народи нашле прибежиште. Со децении националниот мит политички се инструментализира.

За „Ергенекон“ исто така постои сомневање дека се финансирал преку мафиашки зделки и трговија со дрога. Правосудните органи од 2007 година преземаат мерки против групата. Уапсени се повеќе од 400 лица. Мамутскиот процес, кој беше поттикнат поради пронаоѓање оружје во Истанбул трае веќе пет години. Обвинтети ги отфрлаат обвинувањата дека групата имала за цел соборување на владата на премиерот Ердоган.

DW.COM