1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долгиот пат на Србија кон ЕУ

По спогодбата со Косово околу важни спорни прашања Србија е на дофат на долго посакуваниот кандидатски статус за членство во ЕУ. Одлуката се очекува неделава.

На почетокот на декември мината години шефовите на држави и на влади на ЕУ одбија да и доделат на Србија статус на кандидат. Вчера, францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ во Брисел е постигнат договор за доделување статус на кандидат на Србија за членство во ЕУ. Формалната одлука треба биде донесена денеска, а таа мора да биде потврдена на самитот на ЕУ што се одржува на 1-ви и 2-ри март.

Патот за ваквиот пресврт го отвори последната преговарачка рунда меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ, кога беше постигнат пробив. Косово на меѓународните конференции во иднина ќе настапува со името Косово, без ознаката Република и ќе може самостојно да склучува договори. Името Косово воедно во иднина ќе биде дополнето со ѕвездичка за фуснота, во која се укажува на резолуцијата 1244 на ОН. Освен ова и Србија и Косово ги одобрија мерките за регулирање на управата за заедничката граница и слободата на патувањето, договорени минатиот декември.

Boris Tadic Präsident Serbien

Претседателот Борис Тадиќ

Со постигнатиот пробив владата во Белград направи голем чекор во контекст на европската интеграција на Србија. Претседателот Борис Тадиќ веќе го слави својот успех „Моето политичко гледиште, и Европа и Косово, и‘ гарантираa европска иднина на Србија и истовремено ги штити нашите национални интереси. Со ова се покажува дека Србија е фактор на стабилност во Југоисточна Европа“, изјави Тадиќ.

Дека ова не е разбирливо само по себе зборува и фактот што Србија долго време во Европа важаше за една од земјите предизвикувачи на балканските војни. Од друга страна политиката на владите во Белград долги години беше критикувана како анти- западна и дека поддржува анти-евроспки став, притоа повикувајќи се постојано на старите врски со Русија.

Евроскептицизам во Србија

И покрај тоа што во меѓувреме речиси сите релевантни партии се залагаат за приближување кон ЕУ, евроскептицизмот во земјата не исчезна. Според некои анкети, околу 49 проценти од населението на референдум би се изјасниле против пристап во ЕУ. Нивниот гласноговорник е Демократската партија на Србија на поранешниот премиер Војислав Коштуница. Неговата порака е сосема јасна: „ Европа ни штети“, смета Коштуница, Србија е загрозена, но владата „не се грижи за тоа, не се грижи за гладниот народ, таа се грижи само за тоа дали ЕУ по сите притисоци и закани против Србија, ќе и додели кандидатски статус на земјата. Оваа влада е подготвена, да ги жртвува Србија и нејзините национални интереси за кандидатскиот статус“. „На прво место Србија“ е алтернативата на Коштуница за „безглавиот пат кон ЕУ“.

Но, не само противниците, туку и поддржувачите на пристапот на Србија во ЕУ во тоа повеќе гледаат решение во нужда отколку перспектива, која дава полет. Поранешниот српски амбасадор во Германија Огњен Прибичевиќ забележува „Ако пред очи се има нашето мрачно секојдневие, и ако јасно се согледа дека Србија самата не може да ги реши ниту нејзините економски, ниту политички проблеми, бесмислено е да се зборува за друга иднина на Србија освен за иднина во ЕУ“.

Хашкиот трибунал пречка на патот на Србија кон ЕУ

Ratko Maldic Haager Kriegsverbrechertribunal Flash-Galerie

Обвинетиот Ратко Младиќ пред Хашкиот трибунал

Освен косовското прашање пред патот на Србија кон ЕУ се испречи и Хашкиот трибунал. Долги години Белград беше конфронтиран со обвинувањето за недоволна соработка со Трибуналот за воени злосторства за поранешна Југославија. Имено и покрај тоа што владата на Ѓинџиќ го израчи Слободан Милошевиќ во 2001-ва година, беа потребни уште речиси десет години додека останатите обвинети Радован Караџиќ и Ратко Младиќ им беа предадени на судиите на ОН. Сега со спогодбата со Косово се чини дека е надмината и последната пречка.

Автор: Зоран Арбутина/ миа/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска